loading...

Биди македонски претставник на eEURO2021

декември 28, 2020

Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!

Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со Македонската Еспорт Федерација ќе ги организира националните предквалификациите на кои ќе бидат одредени македонските претставници во eEURO 2021 квалификациите на УЕФА.

Пријавувањето ќе биде отворено во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година, со пополнување на следната пријава:

Пријава за претквалификации за еЕУРО 2021.pdf

За правилата на натпреварувањето, начинот и условите потребни за пријавување, како и за фазите на турнирот можете да се информирате тука.

Македонски Телеком е новото засилување на МЕСФ

  Македонски Телеком за прв пат на пазарот воведе Gaming Boosters, нов продукт за неповторливо гејминг искуство на најдобрата оптичка мрежа. Создаден во соработка со  гејмери, Gaming booster пакетот овозможува: супериорна брзина, минимална латенција  (ping&lag), исклучителна стабилност т.е. минимален jitter и ѕticky IP адреса за непрекината  сесија.     „За да им излеземе во пресрет на гејмерите за потребата од супер брз интернет со најдобри  перформанси, размислувавме неконвенционално и создадовме иновативно решение. Отидовме  и чекор понатаму: со едноставна, брза и целосно дигитална активација на продуктот преку  апликацијата TelekomMK, гејмерите го добиваат најдоброто гејмерско искуство веднаш“ –  истакна Даниела Кржовска, Раководител на Продукт маркетинг од  Телеком.    Светот на еспортот е новата арена на собирање на младата популација. Исто како во  традиционалните спортови, еспортот има потреба од своја инфраструктура и еко-систем, и  тоа е еден од главните мотиватори за склучување на партнерство помеѓу Македонски Телеком  и Македонската Еспорт Федерација.   “Среќни сме поради ова партнерство, затоа што е од огромно значење за федерацијата и за  играчите. Конечно, можеме да оствариме сериозен напредок и да создадеме оптимални услови  за натпреварување во Македонија, како и да ги испратиме нашите репрезентации на  …

Национални квалификации во Tekken 7 и eFootball 2023

Во квалификациите кои се одржаа вчера во PUBG Mobile екипата на Almost Famoust е победникот и ќе ја претставува Македонија …

Еспортот е официјален спорт

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ Еспортот стана официјален спорт во Република Северна Македонија. 27.01.2022, Скопје – Агенцијата за млади и спорт го …