loader image

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН и Македонската Еспорт Федерацијa го организираа својот прв заеднички настан

По успешното завршување на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), со гордост објавуваме дека имаме рекорден број на заинтересирани млади, со возраст од 18 до 28 години, кои се пријавија и учествуваа на овој важен настан. Со вкупно 70 учесници, се потврди големиот интерес за развојот на еспортот и образованието во оваа област.

Овој настан не само што ја потврдува релевантноста и значењето на нашите две институции, туку и го нагласува високото ниво на ангажман и заинтересираност на младите луѓе за подобрување на своите знаења и вештини во областа на еспортот и технологијата, можноста на младите да учествуваат и научат од врвните професионалци во областа. Исто така настанот го изразува ангажманот на АУЕ ФОН и МЕСФ за развојот на младите таленти и заедницата во целост.

Со оглед на големиот интерес од страна на младите, ние сме уште повеќе мотивирани да продолжиме со нашата мисија за образование и развој, обезбедувајќи уште повеќе можности за учество и напредок за идните генерации.

Во наредните денови, ќе ги споделиме искуствата и впечатоците од настанот, како и плановите за идните активности и иницијативи на АУЕ ФОН и МЕСФ.

Следете нè за повеќе информации преку нашите комуникациски канали и бидете подготвени за уште повеќе предизвици и можностите за развој што ни претстојат.

Останати новости

Останати новости