loading...

Register


Најнови вести

Loading News...

Што е еспорт?

Еспорт е комбинација на електроника и спорт, што всушност претставува користење на електронски уреди како платформа за натпреварување, со употреба на електронски системи, безпилотни возила, дронови, роботи, симулатори, VR/AR и која било друга електронска платформа.

Глобален спорт со најмногу гледачи

Најбрзо растечки спорт со 2 милијарди запознаени луѓе, а 220 милиони инволвирани.

Аматерски и професионален сегмент

Голема можност за аматерите да станат професионалци и да се натпреваруваат за наградни фондови поголеми од 20 милиони долари.

Еспортот е голем!

На светско ниво, повеќе луѓе играат видео игри отколку сите спортови заедно.

Дознај повеќе

Мисија

Нашата мисија е признавање на еспортот како полноправен спорт. Поставување на систем за натпреварување на професионалните играчи, формирање на едукативни програми и создавање на можности за вработување за сите еспорт етузијасти. Промоција на нашата држава во меѓународни организации и лидерство во нашиот регион.

Достигнувања

Преку 12 светски првенства, повеќе од 10.000 играчи, 50+ турнири и доделени повеќе од 30.000 евра во наградни фондови.

Официјално

Официјална еспорт лига од 2016-та година, во согласност со законот за спорт, сите клубови ги исполнуваат критериумите за спортски активности во рамки на федерацијата.

Глобално

Активен член на 3-те најголеми меѓународни Еспорт организации - IESF; EEF; WESCO.

Едукација

Под водство на IESF, воспоставуваме eдукативна програма и курсеви за обука на судии. Стипендии ќе бидат достапни за нашите членови.

Волонтирај

МЕСФ е непрофитна организација и постојано има потреба од волонтери кои се основна алка во развојот на организацијата. Со волонтирање во МЕСФ, кандидатите се стекнуваат со следниве вештини:

организација на еспорт натпревари
администрирање на лига
комуникациски вештини
меѓународно искуство
сертификат за официјален еспорт судија
водители
Техничка подршка
Администативна подршка

Придружи се на Македонската Еспорт Федерација денес!

Придружи се