loader image
Репрезентација

Counter-Strike 2

Counter-Strike 2 е видео игра во прво лице (FPS) која е дел од серијалот на игри Counter-Strike. Играта беше развиена од страна на Valve Corporation и беше објавена во 2023 година. CS2 е видео игра каде што играчите се поделени во две групи (два тима) и се борат помеѓу себе. Целта е да се стигне до 13 освоени рунди преку поставување на виртуелната експлозивна направа или со елиминирање на сите противници. Доколку резултатот е изедначен, односно 12-12, тогаш мечот оди во продолженија и се игра кој прв тим ќе освои 4 рунди во серија од 6 рунди.

CS2 е најпопуларната видео игра и воедно најголемиот еспорт во светот.

DOTA 2

Dota 2 е видео игра во жанрот на онлајн мултиплеер битки (MOBA), развиена и објавена од Valve Corporation. Играта е наследник на модот “Defense of the Ancients” (DOTA) за видео играта Warcraft III: Reign of Chaos и Warcraft III: The Frozen Throne. Dota 2 е фокусирана на тимска игра каде што два тима од по пет играчи се борат за контрола на мапата и уништување на противничката база.

Секој играч контролира еден од различните “херои” со уникатни вештини и способности. Целта е да се надмудри противничкиот тим, развивајќи ги своите херои и вршејќи стратегиски одлуки за контрола на мапата. Dota 2 е популарна во светот на еспортот и има повеќе милиони играчи ширум светот.

eFootball™ Series

eFootball™ е видео игра која претставува виртуелен фудбал, развиена и објавена од Konami Digital Entertainment. Позната е по својот реализам и големата прецизност во симулирање на фудбалски натпревари. Играта вклучува различни модови како што се единечни натпревари, лиги, купови и онлајн мултиплеер режими. eFootball™ е популарна во гејминг заедницата и привлекува милиони играчи ширум светот кои уживаат во своето виртуелно фудбалско искуство.