loader image
За нас

МАКЕДОНСКАТА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА

е непрофитна организација одговорна за еспорт натпревари и лиги. Нашата мисија е развојот на еспортот и соодветен систем на натпреварување во Република Северна Македонија. Регистрирана во централниот регистар на Република Македонија во 2009 година, ние сме најстарата еспорт федерација во регионот.

На 27 јануари 2022 година, Македонската еспорт федерација го доби решението за вршење дејност спорт од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт и со тоа Република Северна Македонија стана првата држава во поширокиот регион која го признава еспортот како полноправен спорт.

Федерацијата ја сочинуваат 5 постојани клубови како основачи и повеќе од 120 тимови кои учествуваат на официјалните лиги и турнири.

Дел сме од интернационални натпревари уште од 2005 година. До сега сме учествувале на единаесет Светски првенства каде што имаме освоено два златни медали (2021,2022) во дисциплината „Counter-Strike: Global Offensive“, на два Европски купови на нации каде што имаме освоено два златни медали (2020,2021) во дисциплините „Counter-Strike: Global Offensive“ и „League of Legends“ и на едно Европско првенство каде што имаме освоено еден златен и еден бронзен медал во дисциплините „Counter-Strike: Global Offensive“ и „eFootball™ 2022“.

Претседател
Бобан Тотовски
Потпретседател
Драган Арсовски
Спортски Директор
Игор Недески
Член на Управен Одбор
Илија Илиев
Член на Управен Одбор
Златко Петровски
Одговорен за продукција
Давор Неделковски
Одговорен за настани
Филип Најдоски
Комисија за играчи
Симона Ивановска

ТИМОВИ

МЕЃУНАРОДНА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА

Меѓународната Еспорт Федерација (IESF) е непрофитна организација во областа на еспортот. Основана во 2008 година од девет земји-членки, IESF во моментов вклучува 141 земји-членки од шест континенти. Целта на IESF е да креира обединет екосистем, кој ќе овозможи одржливи натпреварувања низ целиот свет.

IESF организира Светски првенства во еспорт и Еспорт Конференции. Светското првенство е најзначајниот еспорт настан во повеќе наслови во светот, додека Еспорт Конференијата е платформа каде сите лидери во еспорот се собираат во Кореа и јавно дискутираат за најважните теми поврзани со еспорт.

ЕВРОПСКА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА

Европската еспорт федерација (EEF) е непрофитна организација, основана во Европскиот парламент во Брисел во февруари 2020 година од 26 национални еспорт асоцијации и федерации од цела Европа.

Денес, со 44 земји членки од Европа, EEF е најголемата континентална еспорт федерација во светот.

EEF го промовира еспортот како легитимен спорт и е официјалната регионална федерација во Меѓународната еспорт федерација.

АДРИА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА

Адриа Еспорт Федерацијата, како непрофитна организација во областа на еспортот, основана е во 2021 година во Мостар, од страна на три земји-членки, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во моментов во Адриа Еспорт Федерацијата членуваат седум земји од регионот.

Главната цел на Адриа Еспорт Федерацијата е да го подигне нивото на свесност и да ги подобри еспорт стандардите во регионот. Со самото приклучување на Адриа земјите се создадава тело кое помага во развојот на еспорт екосистемот.