loading...

Национални квалификации во Tekken 7 и eFootball 2023

Во квалификациите кои се одржаа вчера во PUBG Mobile екипата на Almost Famoust е победникот и ќе ја претставува Македонија на Светското првенство кое ќе се одржи во август во Романија.

Од денес па се до дванаесети март започнува пријавувањето на учесниците во Tekken 7  и eFootball 2023. Натпреварите во главната и нокаут фазата ќе се одржат на 18 март за Tekken7 и на 19 март за eFootball 2023 во Арена Еспорт Клуб -Скопје, а максималниот број е шеснаесет натпреварувачи.

Доколку ги исполнувате условите и сакате да се натпреварувате и да бидете следниот претставник на Македонија на Светското првенство можете да се пријавите на следните линкови Tekken 7 и eFootball 2023

Сите љубители на еспортот ќе можат во живо да ги проследат натпреварите на официјалниот Twitch канал на федерацијата.

Еспортот е официјален спорт

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ

Еспортот стана официјален спорт во Република Северна Македонија.

27.01.2022, Скопје – Агенцијата за млади и спорт го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски, денеска, му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, Бобан Тотовски.

Директорот на Агенцијата, Мојсоски наведе дека со ова Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално еспорт федерацијата станува дел од мк спортот.  Навистина ми е драго што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња . Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови така и ќе продолжиме. Ви честитам на успесите кои до сега ги постигнавте, и ви посакувам поголеми успеси во иднина . Го препознавме вашиот талент и силна желба за големи успеси , ви посакувам како млади луѓе да продолжите со истиот ентузијазам и понатака. Заеднички да ги споделуваме сите ваши  достигнувања. Ви честитам!

За претседателот на Македонската Еспорт Федерација, Тотовски, овој чин претставува потврда на тоа дека земјава ги следи светските движења.

Кога во 2005-та година почнавме со мисијата за официјализација на Еспортот, искрено, не се надевавме дека ќе требаат 17 години. Во ниту еден момент не изгубивме надеж и мотивација да ја постигнеме целта, а тоа е да го официјализираме Еспортот како спорт”, вели Тотовски.

Според него, сега започнуваат вистинските предизвици за развој на македонскиот Еспорт.

Благодарение на експертизата и советодавните тела на Агенцијата за Млади и Спорт и согласно дадените насоките, Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), во изминатиот период работеше на имплементација на спортските стандарди во согласност со Законот за спорт, како и адаптација на врантрешната структура и интерно-организационите процеси.

МЕСФ е 66-та официјално призната Еспорт федерација глобално, имајќи предвид дека истовремено е и една од 10-те прво формирани еспорт федерации во светот. Еспорт или електронски спорт претставува компетитивно играње видео игри, каде што играчите со употреба на своите ментални и физички способности се натпреваруваат во виртуелна околина.

Популарноста на Еспортот постојано расте со натпреварите што ги организира МЕСФ, национални еспорт лиги и квалификациски турнири за светски и европски шампионати. За прв пат во историјата на Македонската Еспорт Федерација, изминатата година се закитивме со два златни медали и станавме европски и светски шампиони во CS:GO.

Македонската Еспорт Федерација е формирана 2009-та година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација. Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства, а ова е нашето најголемо достигнување и исполнување на нашата цел. ГГ!

Со почит,

Македонска Еспорт Федерација

Оглас за работа

International Esport Federation with the support from Macedonian Esport Federation is announcing the following job openings:

  1. Administrative assistant
  2. Communications coordinator

Skills required:

  • Solid knowledge of the esports ecosystem and gaming
  • Good communication and strong interpersonal skills
  • Able to work in multinational environment
  • Attention to detail and logical approach
  • Computer skills (MS OFFICE PACKAGE, GOOGLE Workspace)
  • Excellent knowledge of English language
  • Able to adapt to a dynamic work environment and different time zones
  • Willingness to travel

Responsibilities:

  • Communicating with International Federations
  • Daily office tasks, including data management and documents filing
  • Arranging travel, visas, and accommodation
  • Handling email correspondence
  • Taking dictation and minutes
  • Background research and presenting findings
  • Producing documents, briefing papers, reports, and presentations
  • Organizing and attending meetings and ensuring the manager is well prepared for meetings

What we offer:

  • Challenging job in a fast-growing, dynamic, and international company
  • Unique opportunity to work in the most popular segment-ESPORTS
  • Training and education
  • Relaxed company culture
  • Lot of fun and travel
  • Opportunity to work with top brands in esports (ESL, Konami, Valve, RIOT)
  • Possible relocation abroad

Send your CV and motivational letter in English to office[AT]ie-sf.org

МЕСФ потпиша меморандум за соработка со КФСМ

Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, одржлив, и здрав развој на еспортот.

„Ние како федерација ги следиме сите европски и светски трендови поврзани со уште поголема популаризација на кошаркарскиот спорт. Согласно со тоа и реализирањето на идејата за отпочнување на Еспорт-лига во кошарка преку која како федерација ќе се приклучиме на активностите кои се веќе имплементирани од страна на Светската кошаркарска федерација-ФИБА. За прв пат кај нас се воведуваат некои нови стандарди, и овој заеднички меморандум е чекор кон уште поголема популарност на кошарката во нашата земја. Заедно да го развиваме и овој сегмент од општественото живеење“- потенцира Владимир Георгиевски, генералниот секретар на Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.

“Овој меморандум за соработка е уште еден чекор кон официјализација на еспортот кај нас. Покрај промоција на еспорт и здрав гејминг, МЕСФ ќе се посвети и на креирање на здрави навики кај младата популација, зголемена физичка активност и структурно учество на официјални натпревари” – изјави Бобан Тотовски, претседателот на МЕСФ.

Македонската Еспорт Федерација е членка на Меѓународната Еспорт Федерација (ИЕСФ) од 2013 година и редовно учествува на светските првенства.

Минатите пет години, редовно се одржува Првата Македонска Еспорт Лига, а од оваа година ќе започне со организирање на натпревари и во НБА21К.

МЕСФ стана членка на Олимпискиот Комитет

Согласно актот бр. 03-26/1 на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), издаден на ден 12.03.2021 година, Македонската Еспорт Федерација станува членка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

Биди македонски претставник на eEURO2021

Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!

Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со Македонската Еспорт Федерација ќе ги организира националните предквалификациите на кои ќе бидат одредени македонските претставници во eEURO 2021 квалификациите на УЕФА.

Пријавувањето ќе биде отворено во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година, со пополнување на следната пријава:

Пријава за претквалификации за еЕУРО 2021.pdf

За правилата на натпреварувањето, начинот и условите потребни за пријавување, како и за фазите на турнирот можете да се информирате тука.

План и програма за 2021 година

На ден 24.12.2020 година, управниот одбор на МЕСФ одржа вонреден состанок со единствена точка на дневен ред „утврдување на план и програма за 2021 година“. Поради ситуацијата со КОВИД-19, состанокот се одржа онлајн.

Согласно правилникот и законсите прописи, Македонската Еспорт Федерација ја објавува програмата за официјални еспорт натпревари за 2021 година:

1.  Квалификации за еЕУРО 2021 во соработка со ФФМ.

2. Национална Еспорт Лига во следните дисциплини:

Counter-Strike: Global Offensive

Dota 2

eFOOTBALL PES 2021

Tekken 7

3. Квартални турнири во останатите наслови за промоција и развој на еспортот.

4. Квалификациски турнири за учество на светско и европско првенство во Еспорт во ооганизација на Меѓународната Еспорт Федерација (ИЕСФ) и Европската Еспорт Федерација (ЕЕФ).

5. Едукација, тренинг и сертификација за официјални судии на национални и меѓународни натпревари.

6. Прв Еспорт Самит во Македонија .

Македонската Еспорт Федерација останува посветена на својата 12 – годишна цел, официјализација на еспортот во Северна Македонија.

МЕСФ покрај горенаведените настани, во 2021 ќе организира и поддржи повеќе ад-хок турнири и натпревари во соработка со нашите партнери и клубови.

Со почит,

УО на МЕСФ