Скопје во центарот на европскиот еспорт

Скопје изминатите денови беше центар на европската и меѓународната еспорт заедница, со присуство на високи претставници на Меѓународната еспорт федерација (IESF), Европската еспорт федерација (EEF) и повеќе од 30 национални федерации од Европа. Централниот настан беше Генералното собрание на Европската еспорт федерација, организирано од Македонската еспорт федерација (MESF), на кое присуствуваа околу 40 делегати од […]
Успешно заврши Генералното собрание на Европската еспорт федерација во Скопје

Во Скопје денеска успешно се одржа Генералното собрание на Европската еспорт федерација (EEF), и за прв пат беше домаќин на еден од најзначајните собири на европската еспорт заедница. Собранието официјално го отвори Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, кој во своето обраќање ја истакна важноста на развојот на дигиталниот сектор и потенцијалот што еспортот […]
ФФМ и МЕСФ ја продолжуваат соработката – Нова етапа за македонскиот eFootball

Скопје (25 Мај, 2026) – Фудбалската федерација на Македонија и Македонската еспорт федерација ја потврдија и продолжија својата соработка преку обновување на Меморандумот за соработка, со фокус на заедничките активности поврзани со FIFAe World Cup 2026 и развојот на eFootball сцената во Македонија.
Македонија со историски настап на Европското Првенство во еспорт 2025: Злато во Dota 2 и пласман меѓу најдобрите во CS2

Скопје, 14 јули 2025 – Македонската репрезентација оствари забележителен успех на Европското Првенство во еспорт 2025, кое се одржа од 9 до 13 јули во Приштина, Косово, со учество на 24 национални репрезентации во трите дисциплини: Dota 2, Counter-Strike 2 Open и Counter-Strike 2 Women.
Американскиот Универзитет на Европа – ФОН и Македонската Еспорт Федерацијa го организираа својот прв заеднички настан

По успешното завршување на првиот заеднички настан на Американскиот универзитет на Европа – ФОН (АУЕ ФОН) и Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ), со гордост објавуваме дека имаме рекорден број на заинтересирани млади, со возраст од 18 до 28 години, кои се пријавија и учествуваа на овој важен настан. Со вкупно 70 учесници, се потврди големиот интерес […]
МЕСФ и AUE FON – Прва едукативна програма за еспорт

Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) најавува нова соработка со ,,American University of Europe”. Целта на оваа соработка е преку взаемно организирани едукативни програми, настани, турнири, младите луѓе во нашата држава и регионот да добијат вистинска слика за тоа што еспортот претставува денес. Од голема важност е младите луѓе да добијат соодветна едукација и насоки за можностите […]
Еспортот е официјален спорт
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ Еспортот стана официјален спорт во Република Северна Македонија. 27.01.2022, Скопје – Агенцијата за млади и спорт го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски, денеска, му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, […]
Оглас за работа

International Esport Federation with the support from Macedonian Esport Federation is announcing the following job openings: Administrative assistant Communications coordinator Skills required: Solid knowledge of the esports ecosystem and gaming Good communication and strong interpersonal skills Able to work in multinational environment Attention to detail and logical approach Computer skills (MS OFFICE PACKAGE, GOOGLE Workspace) […]
МЕСФ потпиша меморандум за соработка со КФСМ

Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, одржлив, и здрав развој на еспортот. „Ние како федерација ги следиме сите европски и светски трендови поврзани со уште поголема популаризација на кошаркарскиот спорт. Согласно со тоа и реализирањето на идејата за отпочнување на Еспорт-лига […]
МЕСФ стана членка на Олимпискиот Комитет

Согласно актот бр. 03-26/1 на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), издаден на ден 12.03.2021 година, Македонската Еспорт Федерација станува членка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
