Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, одржлив, и здрав развој на еспортот.
„Ние како федерација ги следиме сите европски и светски трендови поврзани со уште поголема популаризација на кошаркарскиот спорт. Согласно со тоа и реализирањето на идејата за отпочнување на Еспорт-лига во кошарка преку која како федерација ќе се приклучиме на активностите кои се веќе имплементирани од страна на Светската кошаркарска федерација-ФИБА. За прв пат кај нас се воведуваат некои нови стандарди, и овој заеднички меморандум е чекор кон уште поголема популарност на кошарката во нашата земја. Заедно да го развиваме и овој сегмент од општественото живеење“- потенцира Владимир Георгиевски, генералниот секретар на Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.
“Овој меморандум за соработка е уште еден чекор кон официјализација на еспортот кај нас. Покрај промоција на еспорт и здрав гејминг, МЕСФ ќе се посвети и на креирање на здрави навики кај младата популација, зголемена физичка активност и структурно учество на официјални натпревари” – изјави Бобан Тотовски, претседателот на МЕСФ.
Македонската Еспорт Федерација е членка на Меѓународната Еспорт Федерација (ИЕСФ) од 2013 година и редовно учествува на светските првенства.
Минатите пет години, редовно се одржува Првата Македонска Еспорт Лига, а од оваа година ќе започне со организирање на натпревари и во НБА21К.