КЛУБОВИ
ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО МЕСФ
Сакате вашиот клуб да стане член на федерацијата? Изберете од каде започнувате.
Имаме регистрирано здружение
Пополнете ги податоците за клубот и прикачете ги документите за членство.
Сè уште немаме здружение
Имате тим или играчница? Погледнете како со помош од адвокат да основате клуб.
Што треба да подготвиме?
Отворете го секој документ за кратко објаснување.
Наш образец со кој клубот бара прием во МЕСФ. Го потпишуваат претседателот и сите членови на Управниот / Извршниот одбор.
Документ од Централниот регистар што го потврдува уписот или ги покажува податоците на здружението. Треба да е издаден во последните шест месеци.
Документот со правилата, целите и начинот на работа на вашето здружение. Го добивате при основањето.
Доказ дека на здружението не му е забрането да ја врши дејноста. Ако не знаете кој документ да го доставите, контактирајте ја МЕСФ.
Наш образец за прифаќање на надлежноста на МЕСФ. Го потпишуваат претседателот и сите членови на Управниот / Извршниот одбор.
Ако клубот има и други акти, можете да ги додадете со пријавата. Обрасците за барањето и изјавата ќе ги најдете во вашиот профил.
Не сте сигурни што ви треба?
Контактирајте нè пред да започнете. Ќе ви објасниме што да подготвите за членство.
