После долго чекање конечно излезе новиот 7.28: Mistwood Patch во Дота 2, што донесе многу промени. Со новите промени ќе се тргнеме од монотонијата на Sven, големите дискусии дали некои неутрални итеми треба да постојат или не, и ќе се промени самиот начин на движење на играта.
Најголемата и најинтересна промена е новиот херој, Hoodwink. Стану збор за агилити херој што нуди, успорување, зашеметување и ред други магии, со што носи освежување во играта.
Мораме да почекаме да го видиме новиот херој на професионалната сцена бидејќи сеуште не е дозволен во Captains Mode, се очекува да има и промени на херојот во следните недели, односно балансирање на магиите.
Други големи промени со новиот Patch се Aghanim’s Shards за секој херој, што води до нови магии, 12 нови итеми како и различни видови на Blink Dager, промени во постоечки итеми, балансирање на неутралните итеми како и отстранување на некои. Исто така има промени и во скоро сите херои во играта, односно nefr/ buff на stats или магии на хероите.
Интересно е што на професионално ниво можевме веднаш да видиме како ќе се прилагодат играчите на новиот Patch, со тоа што излезе во моментот кога се играа BTS Pro Series Season 4 и OGA Dota PIT Season 4: Europe & CIS.
The post Пристигна новиот 7.28 Patch, и со него Hoodwink од Mistwoods appeared first on ESPORTS.MK.