loading...

МЕСФ потпиша меморандум за соработка со КФСМ

April 3, 2021

Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, одржлив, и здрав развој на еспортот.

„Ние како федерација ги следиме сите европски и светски трендови поврзани со уште поголема популаризација на кошаркарскиот спорт. Согласно со тоа и реализирањето на идејата за отпочнување на Еспорт-лига во кошарка преку која како федерација ќе се приклучиме на активностите кои се веќе имплементирани од страна на Светската кошаркарска федерација-ФИБА. За прв пат кај нас се воведуваат некои нови стандарди, и овој заеднички меморандум е чекор кон уште поголема популарност на кошарката во нашата земја. Заедно да го развиваме и овој сегмент од општественото живеење“- потенцира Владимир Георгиевски, генералниот секретар на Кошаркарска Федерација на Северна Македонија.

“Овој меморандум за соработка е уште еден чекор кон официјализација на еспортот кај нас. Покрај промоција на еспорт и здрав гејминг, МЕСФ ќе се посвети и на креирање на здрави навики кај младата популација, зголемена физичка активност и структурно учество на официјални натпревари” – изјави Бобан Тотовски, претседателот на МЕСФ.

Македонската Еспорт Федерација е членка на Меѓународната Еспорт Федерација (ИЕСФ) од 2013 година и редовно учествува на светските првенства.

Минатите пет години, редовно се одржува Првата Македонска Еспорт Лига, а од оваа година ќе започне со организирање на натпревари и во НБА21К.

Оглас за работа

International Esport Federation with the support from Macedonian Esport Federation is announcing the following job openings: Administrative assistant Communications coordinator …

МЕСФ потпиша меморандум за соработка со КФСМ

Двете федерации се договорија заеднички да организираат националните квалификации и натпревари во дигиталната верзија на кошарка и промовирање на одговорен, …

МЕСФ стана членка на Олимпискиот Комитет

Согласно актот бр. 03-26/1 на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), издаден на ден 12.03.2021 година, Македонската Еспорт Федерација станува …