loading...

Пристигна новиот 7.28 Patch, и со него Hoodwink од Mistwoods

December 18, 2020

После долго чекање конечно излезе новиот 7.28: Mistwood Patch во Дота 2, што донесе многу промени. Со новите промени ќе се тргнеме од монотонијата на Sven, големите дискусии дали некои неутрални итеми треба да постојат или не, и ќе се промени самиот начин на движење на играта.

Најголемата и најинтересна промена е новиот херој, Hoodwink. Стану збор за агилити херој што нуди, успорување, зашеметување и ред други магии, со што носи освежување во играта.

Мораме да почекаме да го видиме новиот херој на професионалната сцена бидејќи сеуште не е дозволен во Captains Mode, се очекува да има и промени на херојот во следните недели, односно балансирање на магиите.

Други големи промени со новиот Patch се Aghanim’s Shards за секој херој, што води до нови магии, 12 нови итеми како и различни видови на Blink Dager, промени во постоечки итеми, балансирање на неутралните итеми како и отстранување на некои. Исто така има промени и во скоро сите херои во играта, односно nefr/ buff на stats или магии на хероите.

Интересно е што на професионално ниво можевме веднаш да видиме како ќе се прилагодат играчите на новиот Patch, со тоа што излезе во моментот кога се играа BTS Pro Series Season 4 и OGA Dota PIT Season 4: Europe & CIS.

The post Пристигна новиот 7.28 Patch, и со него Hoodwink од Mistwoods appeared first on ESPORTS.MK.

Биди македонски претставник на eEURO2021

Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година! Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со Македонската Еспорт …

План и програма за 2021 година

На ден 24.12.2020 година, управниот одбор на МЕСФ одржа вонреден состанок со единствена точка на дневен ред „утврдување на план …