За нас

Македонската Еспорт Федерација е непрофитна организација одговорна за еспорт натпревари и турнири.
Нашата мисија е промовирање на еспортот и признавање од страна на државата. МЕСФ организира национални еспорт лиги и квалификациски турнири за светски и европски шампионати.
Федерацијата моментално има 7 постојани клубови како основачки членки и повеќе од 120 тимови кои учествуваат на турнири. Официјално регистрирана во 2009 година, ние сме најстарата еспорт организација во регионот.
Дел сме од интернационални натпревари уште од 2005. До сега сме учествувале на 11 интернационални шампионати, веејќи го знамето на Македонија.