Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Microsoft ќе отвара еСпорт академија, Riot ќе организира музички фестивал, започнува Ростерманија

Microsoft ќе отвара еСпорт академија, Riot ќе организира музички фестивал, започнува Ростерманија
Saso
/ Categories: MeSF News

Microsoft ќе отвара еСпорт академија, Riot ќе организира музички фестивал, започнува Ростерманија

Microsoft се приклучува на еСпортот со склучување партнерство со ESL за да ја отвори нивната нова еСпорт академија во Австралија.

Microsoft формираше партнерство со ESP за да ја отворат нивната прва заедничка еСпорт академија во една од просториите на оваа компанија во Австралија.

Не само што работилницата ќе има фокус на играње на игри на професионално ниво, туку и на се она што го прави еСпортот завист во кои милиони уживаат секоја година.

Доколку можеби има таква душа во Македонија или можеби некој од македонската дијаспора да се пријави, еве Ви шанса да се пријавите со време.

Riot games сака да го приближи саунд тракот од League of Legends на масите со овој голем MTV еспорт музички фестивал

Видео игрите моментално се натпреваруваат со традиционалните спортови во гледаност, па затоа сосема е логично сцената да почне да се пробива и на фестивалскиот бизнис, а токму тоа Riot Games се обидуваат да го сторат со нивниот нов партнер, MTV.

Наречен Hyperplay, музичкиот фестивал во живо ќе биде пренесуван од Singapore Indoor Stadium. Ова е интересен потег за дивелоперите на League of Legends, кои имаат соработувано со секакви артисти кога станува збор за пренесувањата во еСпортот.

Rostermania е во полн ефект

Наредниот Call of Duty global open е речиси пред нас, но во краткиот период меѓу завшрницата на Pro League Stage One (честитки до FaZe Clan на освоената титула по тешкиот период во пониските брекети) и овој настан, Rostermania е во полн ефект.

Овој термин е љубезно користен поради неизбежните промени во ростерите кои се случуваат додека тимовите се обидуваат да ги зацврстат своите позиции и одат напред во втората половина од сезоната. Сето ова е започнато по тригерот на Slasher да ги напушти Team EnVy по нивниот пласман на 7. односно 8. место во Pro League и од тој момент натаму, рој на топ играчи се решија да бидат без тим или им е дозволено да разговараат со други организации.

Некои од поголемите имиња во играта се веќе вмешани. Rise Nation, Team Kaliber и EnVy се вмешани во раздвижувањата меѓу тимовите. Во понискиот тиер National Circuit, Complexity го згасна својот тим во целост до крај од WWII сезоната, со FeLo префрлуваќи се во eUnited на место на капитенот, кој пак оди кај Evil Geniuses. Потоа почнаа да се шират гласини дека Complexity ќе земе учество во Pro League Stage Two така што ќе формира нов ростер.

Print
863

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top