Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Нов играч во сферата на гејминг обложувањето, женски Street Fighter V играч осврнува внимание на проблемот сониската полова застапеност во кометативниот гејминг

Нов играч во сферата на гејминг обложувањето, женски Street Fighter V играч осврнува внимание на проблемот сониската полова застапеност во кометативниот гејминг
Saso
/ Categories: MeSF News

Нов играч во сферата на гејминг обложувањето, женски Street Fighter V играч осврнува внимание на проблемот сониската полова застапеност во кометативниот гејминг

Професионалната спортска обложувачка мрежа Betting Gods Malta од неодамна ги прошири своите услуги на пазарот на еСпортот.

Новата услуга „eSport Betting Tipster“ на оваа компанија ќе нуди дневни коефициенти и различни мечеви на кои можете да се обложувате на професионалните еСпорт натпревари.

Според Europeangaming.eu оваа услуга ќе ги покрие сите поголеми игри како League of Legends, Overwatch, Dota2 како и Counter Strike: Global Offensive.

Betting Gods првично се придружи на обложувачкиот пазар минатата година под брендот „eSportmaniacs“ каде што се надоградуваше за да може да ја етаблира својата нова обложувачка услуга на нивната главна платформа.

Jamie Lakin, бизнис дивелопер менаџер на Betting Gods изјави дека со влегувањето на пазарот на еСпорот означуваат значаен потег за нив со што се надеваат дека ќе имаат поголем спектар на клиенти ширум светот.

„Со големо задоволство ја нудиме оваа услуга на младината и оваа млада демографска група под името BettingGods.com“, додава тој.

Audrey „Irissia“ Rosique, единствениот женски играч оваа година во Gfinity Elite Series вели дека полот не е бариера за професионалниот гејминг.

Со понудени три различни видови на еСпорт и десет тимови кои учествуваат во Elite Series, недостатокот на женски играчи во натпреварувањата најчесто е разгледувано како проблем.

Irissa, која се натпреварува во Street Fighter V инистира дека настанатата ситуација е всушност дијаметрално различна. Според неа, воопшто нема недостаток на шанси за жените во еСпортот и таа додава дека никогаш не искусила било каков сексизам и дискриминација по основа на пол од и во заедницата.

„Во Street Fighter, нема мажи или жени, само играчи. Се доборуваш до местото и играш. Сите играчи се одлична конкуренција, всушност јас сум единственото женско тука и тоа воопшто не ми е проблем, Навистина е добро бидејќи се чуствувам дека сите ние сме учесници“, додава Irissa.

„Дали има повеќе или помалку жени учесници воопшто не е проблем бидејќи станува збор за пасија. Девојчињата не се спречени да ја играат оваа или било која игра, едноставно вратата е отворена за сите и се е достапно. Сите имаме пристап до онлајн игрите, како што всушнст прогресирав“ вели таа.

„Јас работев на мојата игра и тоа ми даде се што треба за да стигнам до таму каде што сум. Благодарејќи на онлајн гејмингот сите девојчиња што сакаат да го достигнат тоа, можат. Мое мислење е дека станува збор за пасии, а не бариери. Сметам дека има помалку девојчиња што имаат пасија за Street Fighter, но тоа не значи дека нема воопшто“ истакнува Irissa.

Irissa почнала со гејминг уште на нејзина 12 годишна возраст од кога и се заљубила во оваа игра. Штом Twitch го направи стримањето мејнстрим и лесно достапно, таа веднаш ја искористила оваа шанса и сега својот гејминг го споделува целиот свет.

Согледувајќи го нејзиниот успех, Irissa, која е од Франција е регрутирана од Ares Esport, еден од висококотирачките тимови во нејзината земја.

Ares е поддржан од супер ѕвездите на гејмингот како и неговите амбасадори вклучувајќи ги James Rodriguez, Maoussa Sissoko, Yannick Carrasco, Demba Ba и уште многу други.

Таа признава дека се надева на долгогодишна соработка со нејзиниот тим и е многу благодарна за укажаната шанса.

Ares Esports моментално се на првиото место во нивната група на Street Fighter V во Gfiniti Elite Series и напорно вежбаат за да ја освојат елитната награда и првото место кои се нудат на овој настан.

Print
1626

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top