Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Кои се предизвици ги сретнуваат македонските професионални гејмери?!

Кои се предизвици ги сретнуваат македонските професионални гејмери?!
Saso
/ Categories: MeSF News

Кои се предизвици ги сретнуваат македонските професионални гејмери?!

Здраво јас сум Димитар "raniiiN" Аврамоски од тимот Вилај (Vilay) и сакам да Ви одземам пет минути за да ви раскажам подетално со што се бавиме ние од Еспорт тимот Вилај. Тие што се веќе запознати со гејмингот знаат што значи Counter Strike Global Offesnive (CSGO), а за сите останати CSGO e тактичко-пукачка видеоигра од прво лице изработена од Valve Corporation.

Повеќето од луѓето светот на видео игрите го сметаат за забава. Но тука не е во прашање само забавата. Ќе се запрашате за што служат видеоигрите ако не за забава? Главен фактор за професионализмот во ова дисциплина се многубројните турнири и настани што се организираат ширум светот. Сите турнири што се организираат се спонзорирани од многу познати и моќни фирми и брендови како HyperX, SteelSeries, BenQ, Razer, Xtrify, ESEA, Faceit и многу други. Благодарение на нив паричнот фонд на турнирите достигнува до 1.000.000 долари па и повеќе. Зошто тогаш сите не играат? Звучи многу лесно да се седне и  да се игра, но за жал (или за среќа) тоа воопшто не е како што изгледа. Има многу луѓе што играат видео игри за забава и  сакаат да се релаксираат на тој начин, но тука сакам да се посветам на полупрофесионалните и професионалните играчи. Звучи интересно и во исто време е далеку од лесно. Патот до професионалноста во оваа сфера е тежок (барем за мене) затоа што суштината не е само да се игра. Многу работи и дејствија вршат улога во креирањето на професионалениот играч/и. Ќе започнам со мајдндсетот (менталитетот) кој е еден од најголемите фактори за успешен играч. Треба да сте психички спремни за пораз односно изгубени рунди и мечеви, навраќање и прегледување на  изгубените мечеви, а исто така и работење на грешките на тимот и се друго што поврзано околу мечовите што се играат или веќе се одиграле. Други главни фактори се мотивацијата и тренинзите, како индивидуални така и тимски. Пред се треба да се има мотивација за да успешно се изгради професионалениот карактер на играчот и потребна е богата историја, а сето ова се дополнува со тренинзи за биде уште поуспешно. Секој професионален тим е предводен од некоја организаци, бренд па дури и донатор кој може да биде познат фудбалер и кошаркар. Меѓу организацијата и играчот се склучува договор каде што организацијата наведува работи што треба ги овозможи на играчите во еден тим, а тоа е годишна плата што може да достигне до 100.000 долари во зависност од квалитетот на играчот, разни патувања, обезбедување на сместувања за време на настанти и ред други работи што се неопходни на тимот за да може тој да функционира оптимално и да може да се претстави на сцената во најдобро светло.

Секој тим се состои од најмалку пет играчи, тренер и менаџер. Секој од играчите има своја улога (позиција на која играат) која е иста како со оние од фудбалот каде има стопери, голмани, одбрана, напаѓачи и слично. Во Еспортот, или поточно во CSGO улогите се делат на IGL, Awper, Lurker, Rifler/Support и Entry fragger. Има уште многу други работи што треба да се кажат, но ќе се навратам на мојата, односно нашата ситуација околку тимот Вилај. Тимот Vilay Esports Academy е дел од норвешката организација Vilay и е наш моментален спонзор што ни овозможува финансиски средства за нашите натпреавари и патувања. Како што кажав претходно во текстот, јас играм за тимот Вилај, а активноста ја оддржуваме на начин што сме активни со редовен тренинг односно од три до пет тренинзи во една недела кои траат од 4 до 7 часа дневно.

Моментално сме дел од Балканската Adria Лига каде од 45 пријавени екипи, првите 2 се квалификуваат. Нашиот тим успеа да се квалификува во Adria лигата што ќе се одржи во Сплит, Хрватска.Ни преостанува уште една фаза до лан завршницата. Тоа е лигата каде што осумте екипи се натпреаваруваат меѓусебно, а најдобрите четири одат на Лан настанот и завшрната фаза. Фондот на овој турнир изнесува 4000 евра.

Можам да кажам дека сме најдобар тим во Македонија, а тоа го докажавме минатата година на националната Еспорт лига на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ). Им се заблагодаруваме на МЕСФ што ни овозможи да се натпреваруваме на големото и познато Светско Еспорт првенство на IESF во 2018 година што се оддржа во Тајван и нашиот успех беше деветто место од вклупни 16 пријавени екипи. За нас тоа беше прв пат да се натпреваруваме на таков светски турнир каде што се стекнавме со нови искуства и огромно знаење. Оваа година исто така со нетрпение ја чекаме лигата што ќе започне април односно мај организирана од МЕСФ преку која најдобриот тим може да обезбеди пласман на Светското Првенство на IESF што е предвидено да се оддржи оваа година во Сеул, Јужна Кореа.

Состојбата на гејмингот во Македонија можам да кажам дека е на незавидно ниво со исклучок на МЕСФ, односно нема никаква поддршка и никакви спонзорирања кои би ни помогнале нас, а верувам и на сите тимови кои имаат вакви амбиции да испливаат на површината и да остават свој белег како на нашата домашна сцена, така и надвор од неа. Сметам дека е време да се отворат очите и да се погледне што се случува на ова поле ширум светот со надеж дека еден ден тоа ќе стане реалност кај нас, а нашиот труд што сме го вложиле да биде максимално корисен. Јас се занимавам со Еспорт уште од 2012 година па се до ден денес и се надевам уште многу години ќе го предводам тимот Вилај како капитен. Нашиот состав е Димитар "raniiin" Аврамоски (Captain IGL), Борче "boro" ѓоргиоски (riffler), Дуле "duks1" Кацески (Entry Fragger), Иван "sao" Цветаноски (AWP) и Иван "choiv" Живковиќ (Riffler Support).

Покрај наведените насоки за подобрување на Еспорт атмосферата во Македонија од голема важност и апсолутно неопходно е, прво и пред се, официјализирањето на овој спорт како традицинален спорт со што ќе се крене свеста на народот за нашата работа, би се овозможиле подобри услови на национално ниво за создавање и созревање на сериозни тимови и се разбира, би влеало доста сигурност и храброст на компаниите и фирмите за полесно да можат да инвестираат и спонзорираат Еспорт тимови.

Ви порачувам да не се откажувате од вашите сонови, посветено да вежбате и никако да не ги запоставите останатите обврски кои се подеднакво важни за вас како и пасијата на која сте се посветиле.

Автор: Димитар "raniiiN" Аврамоски

Print
1562

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top