Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Закажани првите пријателски мечеви во CS:GO на Македонија. На мени ги имаме Србија и Русија

Закажани првите пријателски мечеви во CS:GO на Македонија. На мени ги имаме Србија и Русија
Saso
/ Categories: MeSF News

Закажани првите пријателски мечеви во CS:GO на Македонија. На мени ги имаме Србија и Русија

Република Македонија со нејзиниот шампион кој ќе не претставува во Каошиунг на Светското Првенство во CS:GO, Vilay eSports Academy, ги закажа првите пријателски мечеви со земјите учеснички. Резултатите нема да имаат никаква улога во финалниот резултат на Македонија за време на настанот, но ќе овозможат подобра припрема на нашите дечки како и унапредување на нивната игра.

Нашите момци се веќе докажани ветерани во оваа област и имаат искуство со натпревари од овој калибар, но секогаш може подобро кога нашата земја е во прашање.

Моменталниот распоред вели дека на 28.08 ќе имаме онлајн меч со руската репрезентација, додека пак наредниот ден лан ќе си ги одмериме силите со српската репрезентација. На 30.08 е предвидено да се игра повтороно со репрезентацијата на Србија, но овој пат на гостински терен во Белград.

Резултатите од одиграните мечеви ќе ги објавиме на нашата веб страна.

Останува уште да стискаме палци за нашите борци и да им посакаме многу среќа.

GLHF

Print
2190

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top