Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

IeSF и Универзитетот од Њухејвен станаа партнери

IeSF и Универзитетот од Њухејвен станаа партнери
Saso
/ Categories: MeSF News

IeSF и Универзитетот од Њухејвен станаа партнери

IeSF и Универзитетот од Њухејвен се договорија да станат партнери за да го забрзаат развојот на темелите на еспортот.

Целта на овој договор е да се изгради пријателство и доверба кои ќе промовираат размена на идеи и интелект како и раст на академските ресурси на полето на еспортот меѓу студентите, факултетите и администраторите на Универзитетот и IeSF. За да се издржи ваков тип на програма за партнерство и за да се воспостави поголема мрежа за едукација на еспортот, двете странки ќе гледаат да промовираат академска и образовна колаборација.

Детално, IeSF ќе спроведе истражувања на глобално ниво, односно ќе снабди примероци од своите членки нации, додека Универзитетот ќе организира истражувања во рамките на својот круг, односно на студентите. IeSF ќе ја поддржи еспорт бизнис катедрата на Универзитетот и двете странки ќе партиципираат во соработка за издавање на академски текстови и упатства за еспортот вклучувајќи и резултати од академски истажувања. Двете организации ќе воведат и стипендии кои ќе овозможат повеќе опции за оние кои се заинтересирани за еспортот.

„Оваа година е важна година академскиот еспорт“ вели Алекс Лим, Генерален Секретар на IeSF. Глобалниот еспорт самит 2017 оваа година во ноември ќе биде местото каде првото еспортско академско друштво ќе биде инаугурирано. Овие две странки ќе ги зголемат конекциите со другите универзитети за да продолжат понатака со работата и да се посветат на едуцирање на квалитетни кадри за оваа гранка. Ова е само старт и би сакале да допреме до сите заинтересирани истражувачи и универзитети за еспортот да се придружат во креацијата на теоретскиот и научниот дел од овој спорт за да се создаде издржлив еспорт екосистем.

IeSF е интернационална федерација за еспорт која има за обврска да организира интернационални еспорт натпревари, да го зголемува бројот на своите држави членки како и воспоставување на стандарди за судии, играчи, сертифицирање, наслови и натпреварувања. Со ова тие се стремат да станат првата интернационална Спортска Организација за еспорт. Република Македонија е членка на оваа федерација и ќе се залага за унапредување на еспортот и еспорт културата во македонското општество.

Print
333

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top