en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Garter ја напушта Dota2 за League of Legends?

Garter ја напушта Dota2 за League of Legends?

  • 6 јануари 2020
Garter ја напушта Dota2 за League of Legends?

Ylli ‘Garter’ Ramdani го потврди своето пензионирање од компетативната сцена на Dota2, а воедно изјави дека неговите сили и напори ќе се ориентираат према League of Legends.

Во последните неколку недели имаше доста осцилации помеѓу Dota2 и LoL сцените, од каде осамнаа неколку твита од самите играчи. Од тие коментирања каде настана жестока дебата, еден играч реши да ја сопре својата Dota2 кариера и да го пренасочи својот фокус према LoL. Тој со твит посочи некои детали околу неговите загрижувања и воопшто проблемите со Dota2 сцената, пред да потврди дека неговата еспорт кариера ќе смени правец.


Garter, долгогодишен и добро познат играч во неколку Dota2 тимови вклучувајќи ги Team Leviathan, MangoBay и No Logic Gaming, изјави збир на причини во негвиот пост во врска со неговата одлука. Почнувајќи со тоа како Tier 2 тимовите се третирани односно како тоа немаат доволно компетативни шанси да се докажат себе си, недоразбирањата во Tier 1 тимовите, а најмногу за токсичната природа на играчите во pub-комјунитито се наведени како дел од причините за Dota2 пензионирањето.

There have been so many changes and inconsistencies that result in either one hour queue times or extremely unbalanced free-for-alls. I am a 2 account 8kmmr player (top 100 EU on two accounts) but I can not play my role because X random 4kmmr guy decides that he is somehow more important and takes it. This is mostly coz ppl are tired of the system, the constant changes and general toxic community.

Garter продолжи во својата изјава дека тој може да биде првиот играч на pro Dota2 тим што ќе прејде во pro LoL тим, што навистина може да се случи, но сега за сега тој сеуште ги нема отклучено ranked опциите на својот LoL акаунт.

Му посакуваме многу среќа, LoL players can't deny it!

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top