Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

EU LCS се двои на регионални лиги, исфрлањето е надвор од игра

EU LCS се двои на регионални лиги, исфрлањето е надвор од игра
Saso
/ Categories: MeSF News

EU LCS се двои на регионални лиги, исфрлањето е надвор од игра

Лигата од 10 тимови се двои на четири региони и 24 тима.

Европската шампионска лига (EU LCS) се преиначува во регионални лиги, велат од ESPN. Секој регион - Лондон, Парис, Берлин и Барселона - ќе има свои шест тима што значи EU LCS ќе се состои од 24 тима збогатени од претходни 10.

Секој од тимовите ќе добие повеќегодишна лиценца за натпреварување од Riot Games, што значи исфрлувањето на тимовите повеќе нема да е пракса. Наместо ова ќе се формира поголема лига од надјобрите тимови од секој регион која што ќе тече паралелно со домашните регионални лиги. Третиот и четвртиот тим од секој регион ќе треба да се натпреварува во така наречени play-ins за да се квалификува за поголемата лига додека петтиот и шестиот тим ќе имаат шанса да се натпреваруваат во отворените квалификации. Системот е сличен како оној од Лига на Шампионите во фудбалот.

Поголемата лига ќе се состои од 16 тима од домашните натпреварувања и ќе биде од неколку групни фази, ќе има двојноелеминациони плејофови и победниците ќе заработуваат Championship Points за да се квалификуваат на Worlds.

Што се однесува за моменталните EU LCS тимови, тие нема да бидат заменети. Сите тие ќе имаат шанса го означат својот домашен регион во текот на наредните месеци додека Riot Games ќе ги обезбедува потребните ресурси за да ги оддржи овие лиги во соодветните градови. 

Овие се доста драматични промени и се производ на бранови на поплаки од EU LCS фановите, организации и од некои од европските тимови кои веќе поднеле барање за трансфер во NA LCS.

Print
365

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«октомври 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top