Counter Strike: Global Offensive е објавена како официјален наслов за 10. Светско Еспорт Првенство, ова е трет пат како оваа игра е прогласена за дисциплина на Светските Првенства на ИЕСФ.
ИЕСФ, единствената не профитна организација на основа на членство штотуку го објави еден од официјалните наслови кои ќе се играат на 10. Светско Еспорт Првенство за 2018 година кое ќе се оддржи во градот Каошиунг, Кинески Тајпеи.
Тој наслов е популарната игра Counter StrikeL Global Offensive издаден од Valve Corporation.
Ова 10. по ред Светско првенство е третото по ред каде оваа игра ќе биде официјален наслов. Во 2016 година, Финска стана првата земја членка која го освоеила победничкиот трофеј за оваа игра. Година подоцна, во 2017, Русија пак беше шампионот што го наследи тронот од Финците во CSGO.
Светското Еспорт Првенство на ИЕСФ е единствениот интернационален настан каде играчите ги претставуваат своите држави. ИЕСФ овие првенства ги оддржува еднаш годишно уште од 2009 година.
ИЕСФ е сеуште во избирачки процес за другите официјални наслови и податоците ќе бидат објавени штом преговорите со засегнатите страни.