Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

GTA 5 проценета како најпрофитабилен продукт за забава на сите времиња, Deckard Cain влегува во Нексусот и ги „заспива“ своите непријатели

GTA 5 проценета како најпрофитабилен продукт за забава на сите времиња, Deckard Cain влегува во Нексусот и ги „заспива“ своите непријатели
Saso
/ Categories: MeSF News

GTA 5 проценета како најпрофитабилен продукт за забава на сите времиња, Deckard Cain влегува во Нексусот и ги „заспива“ своите непријатели

Секој си го бара местото под сонцето, дури и игрите.

Со приближно 90 милиони копии продадени ширум сите платформи, PS3, Xbox, PS4, Xbox One и PC, GTA 5 се смета дека успеала да заработи некои шест милијарди долари од нејзиното појавување во дигиталната сфера од 2013 година. Како што велат од MarketWatch, оваа игра на Rockstar и Take Two е речиси двојно по успешна  од Star Wars и Gone With the Wind кои пак се проценети со заработка од три милијарди долари, со пресметана инфлација.

Кога сме кај MarketWatch, аналитичарот Doug Creutz вели дека продажбата од DVD копиите и стримањето на овие филмови можат да додадат уште една милијарда на нивното конто, но сепак титанот GTA 5 е далеку пред нив.

„Сметам дека ова е дури лудо“, вели Creutz. „Мислам  ако направиме исклучок само за чудото на Nnintendo односно Mario Brothers, нема ниту една игра за било која платформа до сега продадено толку копии на пазарот“.

За перпсектива, Avatar е филм со најголема заработувачка на сите времиња и зрабаоти 2.78 милијарди долари. Само да напоменеме дека GTA 5 се уште пеодолжува да се шири на дигиталниот простор, а нивната заработувачка по се изгледа дека нема да сопре во догледно време.

Она што сметаме сите дека е интересно, очекувајќи дека некоја од традиционалните онлајн игри ќе ги има овие достигнувања, старомодната GTA 5 успеава да се искачи на врвот на профитот и да им понуди забава на многу луѓе ширум светот.

Едно од неговите улт магии буквално се вика „Stay awhile, and listen“.

Во Heroes of the Storm, односно во Нексусот,  ни доаѓа карактер кој е можеби е со најголема моќ во целиот Blizzard универзум. Лормастерот на Diablo, Deckard Cain влегува во борба и тука е да ве убие, со „читање“.

Зошто Deckard Cain е толку добар? Па покрај тоа што човекот си има своја рап песна, неговата верзија во HotS има пресилно улти и не смееме, а да не ви покажеме за што станува збор.

Cain е опшиан како healer, добар во лечење, негирање на зони како и debuffing на своите противници, но за баланс тој е доста спор односно има слаба мобилност и е доста ранилив на silence. Неговите пасивини способности му даваат 10 armor како и 50% побрз кулдаун секогаш кога е во близина на барем еден пријателски херој.

Со неговата Q магија, Healing Potion, тој фрла шише со наптиок кој го лечи првиот пријателски херој што ќе го земе. Може најмногу да има пет вакви шишенца активни во дадено време. Неговата W, Horadric Cube, прави демиџ и ги успорува непријателите во дадениот рејнџ. Конечно неговото E, Scroll of Sealing, отцртува триаголна зона на бојното поле што нанесува демиџ и прави root на сите непријатели во неа за 1.5 секунди.

Кај неговите ултиња навистина почнува забавата. Со неговото прво R, Stay a while and listen, им раскажува приказна на своите непријатели во широк полукруг пред него. Со овие приказни тие заспиваат за 2 секудни односно непријателите губат контриола за ова време врз нивните карактери што го прави одлично улти и е добра шанса за пресврт во еден класичен тимфајт или нешто слично на утлито на Sona од League of  Legends, но само со поинакви димнезии. Неговото второ улти со име Lorenado е всушност буквално торнадо од книги и хартија кое патува до означената цел, буткајќи ги непријателите кои се во контакт со него.

Cain можете да го пробате на PTR серверите, а наскоро тој ќе ви биде на ваша диспозиција да ги успивате вашите непријатели во самиот Нексус ово месец. До тогаш, уживајте во неговиот champion spotlight.

Print
704

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top