en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Што се можете бесплатно да играте додека сте во карантин

Што се можете бесплатно да играте додека сте во карантин

  • 20 март 2020
Што се можете бесплатно да играте додека сте во карантин

Самоизлацијата како мерка против ширењето на Ковид19 е одличен начин да се потесетите на вашето дигитално детство или можеби да искачите некое скалило погоре на вашата омилена ранг листа. Направивме листа на најиграни игри кои повеќе од сигурно ќе ви помогнат во борбата против досадата, и секако Ковид19.

1.) CSGO

Оваа стара, канонска игра е домашна задача за секој оној што се нарекува себе си гејмер. На доста голем дел од нас токму постарите верзии на оваа игра беа почетоците во еспортот, но на добар дел од нас исто така таа е сеуште релевантен школски материјал. Добрата вест е што оваа игра од неодамна е бесплатна, а можете да ја најдете на Steam за download. Серверите никогаш не биле полни како овој период што ветува само добра забава и „квалитетно потење“ доколку повеќе сакате да остварите прогрес на ranked сцената.

2.) Dota2

На второ место ја позиционираме Dota2, наследникот на првата воопшто MOBA игра. Оваа игра е одлична алтернатива доколку не сте миленик на нагли и брзи движења, но сепак сакате предизвик. За разлика од интензивната „кантер“, плејстајлот на оваа игра е за нијанса побавен, но бара комуникација и малку вежбање за да дојдете до првата победа. Сепак не заостанува во поглед на забава и секако има свој ladder кој ќе можете да го истражите, но на ваша одговорност! Уште една игра која припаѓа на фамилијата на Steam, исто како CSGO, ќе можете да ја инсталирате бесплатно.

3.) LoL

Уште еден златник во оваа листа, овој пат горчлив противник на Dota2 играта, но сепак повеќе од достоен. Со големите и честите промени и апдејти што ги доживува периодов играта се ветува балансирана динамика и одличен гејмплеј. Повторно комуникацијата на играчите може да биде клучна за вашата победа и потребно е некое елементарно знаење до кое лесно се доаѓа за да обезбедите победа за вас и вашиот тим. Покрај основната мапа на оваа игра, можете да ја пробате среќата на модот ARAM (all random all mid) или пак да видите како ќе ви „легне“ TFT модот или попознат како autochess. Играта се симнува самостојно, а не преку некој од официјалните продавници.

4.) Fortnite

Да не ја заборавиме Fortnite која официјално не е еспорт поради природата на самата игра, но овој battle royale е убедливо најиграниот и најпосетениот што може да ви понуди FPS забава со порелаксирано темпо за разлика од CSGO. Можете да ја играте индивидуално, во пар или во четворки, од компјутер, конзола или од вашиот мобилен телефон. Победата воопшто не ви е загарантирана, па дури и да сте искусни, но тоа и онака ретко се случува така да не се обесхрабрувајте. Its not about the destination, its about the journey. Fortnite можете да ја најдете на Epic Store, кој што е и креатор на оваа игра.

5.) Battlerite

Овој наслов можеби ќе ви звучи непознат, но овој наслов има што да понуди. Stunlock studios, компанијата што стои зад оваа игра, според нас, успешно извела синергија од FPS и MOBA жанрот правејќи сосема нов продукт. Се игра во двојки или тројки, мапата е некоја од различните арени и вашата цел е да го елиминрате противникот додека не истече времето односно не се затвори рингот, нешто налик на Fortnite. За победник се смета тимот кој ќе има три меча победено во натпреварот. Оваа игра можете да ја најдете на Steam платформата.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top