en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Честитки до Финска, првата земја од ЕУ што го официјализираше Еспортот

Честитки до Финска, првата земја од ЕУ што го официјализираше Еспортот

  • 23 ноември 2019
Честитки до Финска, првата земја од ЕУ што го официјализираше Еспортот

Финскиот Олимписки Комитет ја покани и прими Финската Еспорт Федерација за постојан член на генералниот состанок што се оддржа во ноември.

Федерацијата беше примена како член на Финската Спортска Конфедерација VALO во 2014 година, но бидејќи VALO се претопи во Финскиот Олимписки комитет во 2017 година, Федерацијата стана придружен член на ова тело. Апликацијата за полноправен член беше испратена оваа есен и резултираше со позитивен одговор на почетокот на овој месец.

The full membership of the Finnish Olympic Committee establishes esports as a part of the Finnish sports community. This recognition is a significant step forward for us, nationally but also internationally, in the recognition and impact of esports. I want to thank our members and other operators of the esports field for the journey so far. We will continue our long-term efforts with awareness, supporting actions and promotion of interests, изјави Претседателот на Федерацијата, Joonas Kapiainen.

Според Финскиот Олимписки Комитет, за да бидете одбран како член на Комитетот, организацијата треба прво и пред се да е регистрирана и да делува на територијата на целата држава. Главната цел на организацијата е да промовира практикување на компетативен спорт на највиско можно државно ниво.

Со овој чекор, Финска е првата земја од ЕУ што го официјализираше Еспортот што несомнено ќе даде волја на останатите земји-членки во Унијата, но ќе ги поттикне и останатите држави на европското копно да го следат нејзиниот пример. Денес живееме во време каде што тешко можат да се игнорираат долго светските текови и трендови, особено ако има голема заинтересираност во самите држави. Останува да видиме која прва држава ќе ги следи нејзините чекори, но да не ве изненади ако Македонија ќе биде меѓу првите кои ќе го стори токму тоа. Огромни честитки до нашите фински колеги и им посакуваме многу успеси на бојното поле. GG

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top