Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Македонија ќе добие нов шампион

Македонија ќе добие нов шампион
Saso
/ Categories: MeSF News

Македонија ќе добие нов шампион

Во вторник, 21. август ќе се вкрстат копјата на последните четири полуфинални тимови во CSGO на Лига1 на Македонската еСпорт Федерација во Zero Gaming интернет кафето во Тетово.


По долгата квалификациска фаза каде учество земаа повеќе од 20 тима, само осум од нив се пласираа за наредниот сегмент од овој натпревар. Секој од тимовите во период од 3 месеци одиграа вкупно 14 меѓусебни меча каде секој од нив имаше шанса да се сретне со секој противник по два пати за да вистински си ги одмерат силите. Први на табелата испливаа дечките од Crysis (Vilay eSports Academy) со освоен висок 71 поен, второто место го обезбеди тимот на LeveL со 62 поена, трети беа Blade (Atrox Gaming) со 54 поени, а како четврти заврши wildcard тимот Gem Team со освоени 49 поени на овој натпревар. Последната фаза или лан фазата ќе се одигра в вторник во Тетово каде ќе се знае конечниот победник на Лига1, а воедно и македонскиот шампион за оваа година кој ќе ја претставува нашата земја на Светското Првенство во Тајван.



Светското Првенство ќе се оддржи во ноември и ќе биде во градот Каошиунг, Тајван каде еСпорт федерациите на 48. земји членки на Интернационалната еСпорт Федерација ќе се натпреваруваат во три наслови и тоа CS:GO, League of Legends и Tekken 7. Ова издание на еСпорт Светско Првенство е десетто по ред и е јубилејно за ИЕСФ.

Print
1093

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top