en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Топ 10 еспорт тимови за 2019 според Total Prize Winnings

Топ 10 еспорт тимови за 2019 според Total Prize Winnings

  • 25 декември 2019
Топ 10 еспорт тимови за 2019 според Total Prize Winnings

Никогаш до сега во историјата не еспортот не биле исплатени толку многу парични награди на професионалните тимови. Оваа година бевме сведоци на сума тешка 211 милион американски долари дистрибуирани на вкупно 4490 одиграни турнири поставувајќи рекорд.

Dota2 на Valve исто така постави нов рекорд за 4 милиони американски долари повеќе од минатата година. Сепак, најголемата причина за пораст на паричните награди во 2019 година мегапопуларната Fortnite на Epic Games што „инјектираа“ 79 милиони амеиркански долари во екосистемот на еспортот. Еспорт организациите од секој домен се обидуваа да создадат тимови со надеж дека ќе се дограбат од „торатата“ на Epic Games.

Да погледнеме кои беа топ 10 тимови кои заработија најмногу со компетативниот гејминг во 2019 и да видиме како Dota2 и Fortnite влијаеа врз оваа сцена:

Бр. 10 - FaZe Clan: $3.166M (2018: No. 10, $2.78M)

Тимот FaZe Clan, најмногу познат на публиката по Call of Duty и CSGO тимовите се наоѓа на 10, место на овој список со помош од неговите Battle Royale тимови.

Нешто повеќе од третина од нивната заработка за 2019 година доаѓа токму од PUBG натпреварувањата со заработка од 1.1 милион американски долари. Овој клуб го заслужи првото место на првите три натпревари и второто место, веднаш зад Gen.G на PUBG Global Championship 2019. Тимот на FaZe Clan во Fortnite освои нешто помалку од 1 милион односно 964.000 американски долари. 

Тимовите на CSGO и Call of Duty на FaZe Clan имаат вкупно осовено 894.000 американски долари. 

Бр. 9 - Sentinels: $3.26M (2018: No. 237, $30.4K)

Втората еспорт франшиза што се најде на списокот на топ 10 најуспешни тимови и тоа строго од играта Fortnite, Sentinels се наоѓаат на местото број 9, „носени“ на грбот на Kyle “Bugha” Giersdorf. На само 16 години, Giersdorf победи во соло категоријата на Fortnite World Cup и си понесе со себе парична награда од 3 милиони американски долари.

Sentinels ја добива заслугата со тоа што е организацијата што го застапуваше Giersdorf, но вистинската приказна тука е тоа што ако најдете талент и го насочите кон најголемата парична награда, добри нешта може да се случат.

Бр. 8 - Team Secret: $3.31M (2018: No. 11, $2.32M)

Team Secret, едни од моќниците на Dota2 се торпедираа не местото бр. 8 по успешност во еспорт светот со тоа што дома си понесоа 3.10 милиони американски долари за време на годинешната Dota2 сезона.Нивниот Dota2 тим заработи нешто повеќе од 2 милиони така што заврши на четвртото место на The International 2019.

 Тајната на Secret за новата сезона е тоа што ќе гледа да создаде услови за победа така што ќе се натпреварува со тимови кои што нема да чинат многу. Се додека не почант останатите спортови да исплаќаат дивиденди, тие ќе мораат да се потрпат на Dota2 ако сакаат да видат некоја исплата. Во продолжение, Rainbow 6, Apex Legends, Age of Empires, PUBG Mobile и Age of Empires II им донесоа вкупна заработка од  213.000 американски долари во 2019 година.

Бр. 7 - Gen.G: $3.45M (2018: No. 17, $1.35M)

Gen.G Esports тотално ја доминираше PLAYERUNKNOWN’S BATTLEGROUNDS (PUBG) сцената, освојувајќи три главни турнири вклучувајќи го и PUBG World Global Championship 2019 каде заработија 2.28 милиони американски долари. PUBG беше толку важна за оваа организација во 2019 година толку што 94% од вкупната заработка на овој клуб доаѓа токму од овој Battle Royalе наслов.

Дистрибуирањето на наградите треба да се промени во 2020 година бидејќи клубот создаде и CSGO тим каде што ќе играат три поранешни играчи на Cloud9. Timothy “autimatic” Ta, Damian “daps” Steele и Kenneth “koosta” Suen се новиот мотор со победничко педигре.

Gen.G има два постојани зарабувачи на приход во Seoul Dynasty (Overwatch League) и League Champions Korea (LCK).

Бр. 6 - Cooler Esport: $3.51M (2018: No. 297, $10K)

Оваа малку позната организација се појави како гром од ведро небо, искачувајќи се на високото 9. место на списокот за оваа година само од Fortnite натпреварувањата. Emil “nyhrox” Bergquist Pedersen и David “aqua” Wang заработија 3 милинои долари во Двојки на Fortenite World Cup.

Со огромната количина на пари „истурени“ во екосистемот на еспортот од компаниите како Epic Games и PUBG Corp., сосема е очекувано и логично некои од помалите организации да успее и да досегне до овие големи заработки.

Cooler демонстрира дека не треба да сте голема организација за да преживеете во водите на еспортот. Само треба да најдете натпревар со големи добивки и да се пласирате високо.

Бр. 5 - PSG.LGD Esports: $3.54M (2018: No. 3, $5.36M)

Вториот мотор на Dota2 кој се наоѓа на овој список е партнерството на Paris Saint-Germain-LGD кои успеаа да освојат 3.4 милиони американски долари како награди во 2019 година. Во оваа соработка исто така се вбројува и нивниот FIFA тим кои заработи 37.000 американски долари.

PSG.LGD е уште еден пример за тоа како насловите од типот на Dota2, кои генерално се со највисоките парични награди на крај од шампионатот и неговата сезона, позитивно можат да влијаат на екосистемот на еспортот.

Бр. 4 - Lazarus: $4.22M (2018: No. 65, $354K)

Поранешната SetToDestroyX организација има ново име и некои нови лица во менаџментот. Организацијата се потпира на бизнис модел каде што се натпреваруваат во поголем број на помали еспорт наслови со цел да го диверзифицира својот систем на примања. Во 2019 година, тие најдоа победник.

Со квалификувањето на шест играчи на Fortnite World Cup, Lazarus имаше шест можности да заврши одлично и да понесе дома голем дел од паричните награди. Двајца од нивните играчи не успеаа да постигнат некој успех. 

Со второ и седумнаесто место, играјќи во двојки на Fortnite World Cup, Lazarus заработи 2.35 милиони долари. Играњето во квалификациите и останатите Fortnite турнири им донесе на Канаѓаните дополнителни 1.3 милиони американски долари, а со тоа овој клуб се позиционираше на мапата.

Lazarus исто така има и CSGO, Hearthstone и PUBG тимови кои имаат одлични шанси во 2020 година, ако може да го повтори успехот во Fortnite и освои победи во другите еспортови.

In 2020, we will continue to develop and sign a diverse and fiercely competitive portfolio across the esports landscape in pursuit of being top 10 globally ranked, изјави за The Esports observer извршниот директор на Lazarus Esports, Charlie Watson. 

Бр. 3 - NRG Esports: $5.28M (2018: $945K)

Искачувањето на третото место на овој список на NRG се должи само на правење на една работа: победа во плеада на наслови. The San Francisco Shock победи во Overwatch League во 2019 година и си замина со 1.5 милиони американски долари. Покрај ова, тие заработија и дополнителни 2.85 милиони американски долари од турнири во Fortnite.

NRG сепак малку потфрли во 2019 година така што го трансферираше својот CSGO тим кај Evil Geniuses поради, како што беше изјавено, финансиски причини. Овој тим придонесе со 368.000 американски долари во освоени парични награди во 2019 година.

Имаа и шест цифрен победник во Rocket League со 379.000 американски долари заработка, а тимот на Apex Legends заработи 124.000 американски долари. Со објавата на 3 милионскиот фонд на Apex Legends Global Series како и придружувањето кон Call of Duty League, NRG може да обезбеди добар камбек за 2020 година.

2019 was a dream competitive year for NRG. All of our teams were at the top of their game winning a ton of tournaments and claiming two world championships, вели извршниот директор Any Miller.
Our Gaming GMs Jaime Cohenca and Chris Chung built amazing rosters around our true secret weapons, world class coaches, додаваат од таму.

Бр. 2 - Team Liquid: $9.40M (2018: No. 2, $6.69M)

Team Liquid има едно од „најшарените“ портфолија кога станува збор за освоени парични награди од неговите компетитивни тимови. Во 2019 година овој северно американски тим жнееше многу успех особено со тимовите во Dota 2, CS:GO, League of Legends и Fortnite.

Тимот на Liquid во Dota2 заработи 5.08 милиони американски долари со освојување на второто место на The International 2019. Сепак, можеби најголемата приказна за овој клуб беше успехот на неговиот CSGO тим, кој во еден момент беше бр. 1 тим во светот, според HLTV.org.

Со појачувањето на Jacky “Stewie2K” Yip и Keith “NAF” Markovic на тимот на CSGO, овој клуб успеа да „искешира“ 2.31 милион американски долари. На сето ова кога ќе ги додадеме победите на тимот на League of Legends кој придонесе со своите 455.000 долари заработка, можеме да кажеме со сигурност дека тие имаа плодна година.

Бр. 1 - OG: $15.84M (2018: No. 1, $11.46M)

Број 1 тимот за 2019 година во освојување на парични награди не треба да биде изненадување од проста причина што The International 2019 на Dota2 нудеше 15.81 милион американски долари. Исто така успеаа да заработат и со победи на Super Smash Bros што им донесоа 900.000 американски долари.

Со победата на TI9, играчите на OG станаа највисоко платени играчи во историјата на еспортот.

Совет до сите тимови кои претендираат за висока заработка, направете го најдобриот Dota2 тим и победете на The Internationals 2020.

Кој е тим број еден за вас? Кој тим сакате да го видите на овој список наредната година? Вашите мислења ги очекуваме во коментарите подолу.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top