Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Од скромното Нинтендо па се до мастер PC, како точно се роди еСпортот

Од скромното Нинтендо па се до мастер PC, како точно се роди еСпортот
Saso
/ Categories: MeSF News

Од скромното Нинтендо па се до мастер PC, како точно се роди еСпортот

     Посветеност, добри звуци и доза на андреналин е се што ви треба од состојките за да направите добро гејминг искуство. Видео игрите бараат брзи рефлекси, добро осмислени планови и чиста волја за да се победи противникот. Сите овие работи ја чинат забавата, но исто така ова значи дека се одлични како спектаторски спорт. Овие елементи го создадоа еСпортот – збир на натпреварувачки гејминг лиги со илијадници фанови ширум светот и богати награди за најдобрите од најдобрите.

     Почетоците на еСпортот верувале или не почнуваат некаде од раните 80ти. години. Се разбира дека тука ги броиме сите мечеви и надигрувања што сме ги имале со нашите најблиски во прегратките на Нинтендото кое беше едно од семчињата за сето ова денес. Таков еден натпревар, но овој пат со десет илјади учесници се случи за прв пат во 1980 година. Организатор беше добро познатиот Атари, додека играта во која се натпреваруваа беше Space Invaders.Овој натпревар како и наредните што ќе следуваат со годините беа темелите за тоа што евентуално ќе стане еСпорт. Пред доаѓањето на 90те. години натпревари на аркадни и конзолни игри беа толку чести што големи компании како Nintendno почнаа да организираат светски првенства, а во некои од лигите имало резервирано место за деца и тинејџери, нешто што денес не е практика.

     Новата ера припаѓа на 90те. во која за прв пат се сведочеа вистинските еСпорт натпревари. Пионер во оваа категорија е Red Annihilation натпреварот во 1997 година со вкупен број над 2000 учесници. Победникот доби Ферари кое претходно припаѓало на Џон Кармак, главниот дивелопер на „Quake“.

     Неколку недели по натпреварот, Лигата на Професионални Сајбератлети беше родена каде доцна, истата година го организира својот прв натпревар. За една година успеа првата награда да ја донесе до 15.000 долари и да остане една од поуспешните лиги и натпревари од тој период.

     Како во светот, па така и во гејмингот се случи ренесанса. Оваа ренесанса, одлична промена и освежување на терминот еСпорт се случи во доцните 90ти. Покрај тоа што се доминирани од FPS, спортскиот и аркадниот жанр, со доаѓањето на сцена на новиот RTS или real-time strategy жанр ни доаѓа „StarCraft: Broodwar“ кој направи бум и го скрена вниманието токму кон себе. За разлика од брзите рефлекси и фокус потребни за FPS, новиот жанр бара внимателност и долгорочни планирања кои се повеќе наликуваат на модерен шах.

     Вистинската форма и облик еСпортот ја добива со почетокот на новиот милениум каде што се трасира патот за оваа нова настаната дисциплина во спортот. Тогаш се формираат World Cyber Games и Electronic Sports World Cup лигите кои одржуваат натпревари до денес поставувајќи ги темелите на модерниот еСпорт. Major League Gaming (MLG) своето деби го доживува во 2002 година и од тогаш, па до сега е најголемата и најуспешна лига каде што наградите за прво место знаат и да изнесуваат до 117.000 долари. Уште еден рекорд што оваа лига успеа да го скрши е кога во 2012 година пролетниот шампионат беше следен од преку четири милиони гледачи, што беше повеќе од гледачите на „реалните“ споротови како NBA.

     Како последен жанр што успеа да донесе „свежа крв“ во гејмингот и еСпортот е MOBA жанрот. Настанат од обичен мод на добро познатата „Warcraft III“, MOBAта е налик на стртегија кадешто наместо цела армија, контролирате херој и заедно со уште четири соиграчи се обидувате да го победите противничкиот тим. Дебитантот е, се разбира кој друг ако не модот Defense of the Ancients или „DOTA“, кој по подолг временски период како самостојна игра излезе под наслов „DOTA 2“. Меѓу најпоплуарните денес е и „League of Legends“ или „LoL“ која спорно е најиграната игра што брои преку 30 милиони играчи, рамо до рамо со мега популарната MMO-RPG World of Warcraft. Во 2011 година, „LoL“ успеа да намами преку 1.6 милиони гледачи, додека наредната година во 2012, истава игра привлече осум илјади посетители во живо, 900.000 гледачи од целиот свет и имаше огромно салдо на награди од преку пет милиони долари.

     Иднината допрва треба да дојде признавајќи го еСпортот како дел од меинстрим културата. Секој ден се појавуваат нови наслови на пазарот што се потенцијален материјал за еСпорт и се трудат да го нудат истото ниво на популарност и прифатеност како што го нудат реалните спортови.

     Немојте да се чудите доколку во иднина MLG или GSL натпреварите и лигите „креваат прашина“ повеќе и од Светското првенство во фудбал.

Print
320

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«октомври 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top