Министерството за Спорт во Шри Ланка официјално го прогласи Еспортот како официјален спорт во државата. Декларацијата започна со изготвување на 26. септември од страна на министерот за телекомуникации, странско вработување и спорт, Харин Фернандо, а се објави на 2. октомври.
Шри Ланка е првата земја во регионот на Јужна Азија што официјално го смета Еспортот за спорт и се вбројува во се повеќе растечкиот список кој има земји како Јужна Кореа и Франција кои веќе го имаат официјализирано натпреварувачкото играње на видео игри како спорт.
Овој успех е резултат на вложувањето на напори повеќе од една декада од страна на Еспорт Асоцијацијата на Шри Ланка. Предводени од Gamer.LK, кој е стратешки партнер на Асоцијацијата, разните Еспорт активности и настани кои беа оддржувани ширум земјата го основаа еден од најбрзо растечките спортови во земјата. Неодамна оддржаната квалификациска рунда на Интер-училишното Еспорт Првенство постави рекорд на бројот на учесници кој броеше повеќе од 150 училишта.
Националниот Олимписки Комитет на Шри Ланка веќе го поддржи Еспортот така што го поздрави учеството на на државата на 18. Азиски Игри каде Еспортот беше вклучен како демонстративен спорт.