Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Јужна Кореа повторно го достигна гејмерскиот врв, Македонија со ветувачки резултати за в година

Јужна Кореа повторно го достигна гејмерскиот врв, Македонија со ветувачки резултати за в година
Saso
/ Categories: MeSF News

Јужна Кореа повторно го достигна гејмерскиот врв, Македонија со ветувачки резултати за в година

IeSF конечно го заврши 9. по ред Светско Првенство во еСпорт за 2017 оддржано во Бусан. Финалињата се одиграа на 11 и 12 ноември каде се дознаа победниците за сите три наслови кои беа играни односно League of Legends, Counter-Strike: Global Offensive и Tekken7. Јужна Кореа, ја одбрани својата титула заслужена на 8. по ред Светско Првенство на IeSF од 2016 година и стана севкупен победник за годинешното Првенство.

Јужно Корејскиот тим во League of Legends дојде до својата титула со леснотија, победувајќи ги двата меча во своето финале против Србија, додека тимот за Counter-Strike: Global Offensive на истата земја успеа да се пласира трет и да се закити со бронза. За жал (или среќа) тука застанува победничката низа на оваа земја бидејќи нејзиниот претставник за Tekken7 своето учество го заврши нешто порано или за време на четврт финалињата, но сепак ги бодреше своите национални тимови до нивната ултиматна победа како држава. Вкупните бодови освоени од Јужна Кореа изнесуваат 147 со што го заслужува своето место како севкупен победник. Веднаш зад неа, за второто место усепа да се избори тимот на Филипини, кои беа во нашата група и го земаа златото од Tekken7 натпреварувањата, освојувајќи вкупни 116 поени на Светското Првенство. Третото место може да се каже дека припадна на Европјаните, односно Русија која беше само за шест поени покуса од Филипини, скрасувајќи се со бронзениот медал и освоените 110 поени за време на овој Шампионат.

Нашите борци, тимот Evolution Online, се паднаа во доста тешка група за разлика од останатите држави, каде за свои противници ги имаа Малезија, Филипини, Кина и Грузија. Имавме одличен почеток, извојувајќи победа врз Грузијцијте додека изгубивме од Филипини уште во првиот ден. Наредниот ден не следеше иста среќа успевајќи да се добориме до победа врз Малезија, но сепак Кинезите имаа малку повеќе среќа од нас и на крај испаднаа победници во тој меч. Интересно е тоа што цели 25 минути против Кина ние го имавме водството и го диктиравме темпото на натпреварот, но како што знаеме некогаш е доволен еден тимфајт за да реши се како во нашиот случај. На крај биланост на Македонија беше 2-2 односно две добиени, две изгубени меча и со тоа бевме трети во нашата група каде само првите двајца од групата одат понатаму во финалните натпревари.

Овие податоци, всушност за „мала“ сила како нас која успешно се спротистави на титани како Кина, не треба да не обсехрабруваат бидејќи од година в година вадиме се поуспешни бројки и играме се поквалитетни игри. Имаме цели нови 365 дена за подготовка за наредната годна каде сме сигурни дека наредната репрезентација ќе ги подобри овогодинешните успеси и ќе успее да се закити со медал

Наредното еСпорт Светско Првенство, единствениот настан од интернационални размери каде се натпреваруваат исклучиво држави, ќе биде оддржан во Каосиунг, Кинески Таипеи, но во проширени размери бидејќи 2018 година е јубилејна година за еСпортот кога ќе се оддржи 10. по ред Светско Првенство.

МеСФ останува верна на македонскиот гејмин за наредната 2018 година каде ќе се обидеме да го разбудиме гејмерскиот дух кај нашите граѓани, а со тоа ќе ја зголемиме заинтересираноста и учеството кај младите на настани од овој калибар. Следете не на нашата фан страна на Фејсбук за повеќе детали околу домашниот гејминг и пошироко, а до тогаш, GLHF.

Print
43

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top