Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Што е продажба во еСпортот?

Што е продажба во еСпортот?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што е продажба во еСпортот?

Парите го вртат светот или барем така вели поговорката, а тие се исто така доста голема движечка сила и за разните менаџери во еСпортот кои имаат огромна улога во договарањето на зделките како и остварувањето на профитот.

Луѓето од продажбата се одговорни за продавање на продуктот, услугата, настанот или иницијатива на самата организација.

На пример, ова може да биде веб простор за реклами или пакети за спонзорство за време на еден натпревар на одредени брендови како и продажба на билети за некој настан, продажба на компјутерски делови, па дури и продавање на просторот на маичките на играчите наменет за реклами на оние компании кои сакаат да се поблиски до нивната публика. 

Тие се одговорни за односнот према клиентите, правење на договори од огромна важност со нивните партнери, остварување на разни рокови како и преговарање за самите цени.

Повеќето би ја опишале оваа улога како улога за остварување на партнерства или улога за градење на односите со други компании бидејќи една од нивната одговорност е склучувањето на разните договори со партнерите и спонзорите.

Продавачите и менаџерите на партнерства се добри преговарачи, тие нејчесто стапуваат во контакт со останатите компании како и често разговараат со нивните клиенти за идни деловни договори и за развиток. Тие исто така ги решваат сите недоразбирања меѓу клиентите, ги намируваат долговите на компанијата, прават извештаи, презентираат и соработуваат со другите оддели за да имаат успех во своите проекти.

Кои вештини ви се потребни?

Нема некои особени побарувања, но диплома во оваа сфера може да ви помогне. Има доста многу курсеви за продажба на пазарот кои можете да ги набавите и секој од нив ви носи различен степен на успех.

Многу луѓе би ви рекле дека добрите односи се клучни за добрите продажби. Поради ова, ентузијазмот за одреден прдукт или услуга во оваа работа ќе ви биде од огромна корист. Учитвоста вреди да се спомне тука бидејќи добрите зделки можат многу повеќе да ви се исплатат на подолгорочен план.

Од нив можно е да се бара често да се на службени патувања за да можат да се сретнат во живо со своите клиенти. Креативното размислување може да помогне на продуктот, услугата, тимот или натпреварот да се оддвои од останатите, а со тоа да стане атрактивен и да привлече спонзори и партнери.

Плата и работни часови

Почетничка плата може да изнесува меѓу 15.000 и 20.000 фунти за една година, додека поискусните продавачи може да заработуваат меѓу 30.000 и 40.000 фунти, па и повеќе.

Како и да е, продажбата работи поинаку во споредба со другите позиции во еСпортот. Акаунт менаџерите вообичаено примаат основна плата плус процентот што го заработиле согласно нивната продажба за еден месец во врска со одреден продукт или услуга. На пример, ако продавачот усепал да го постигне зададениот лимит и продавал повеќе од тоа, тој може да добие повеќе пари врз основа на заработен процент или да добие друг бонус.

Ова работно место најчесто оди рака под рака со службено возило бидејќи тие најчесто се на терен и одржуваат доста состаноци со клиентите.

Во поглед на работните часови, ова работно место носи стандардни осум работни часа, но можно е да се има потреба од прекувремено работење во вид на состаноци како и други средби со клиентите. 

 

Print
747

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top