Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

По Олимп и FIFA, пред еСпортот на колена падна моќната F1

По Олимп и FIFA, пред еСпортот на колена падна моќната F1
Saso
/ Categories: MeSF News

По Олимп и FIFA, пред еСпортот на колена падна моќната F1

Дваесетемина кој ќе се тркаат за честа да бидат првиот еСпорт Формула 1 шампион се понзати.

По квалификацискиот процес што траеше речиси цел месец, 40. најдобрите играчи во светот на F1 2017 се собраа во Gfinity Arena во Лондон за да се тркаат за место на големото финале кое ќе се случи во Абу Даби како дел од билдапот за финалето на сезоната во F1.

Серии на квалификациски трки ги одредија осумте загревања, заедно со 40. тркачи поделени во четири групи од десетмина.

Briton Brendon Leigh го прибележа најбрзото време и беше убедливо најуспешниот во првото негово загревање одиграно на Interlagos, додека генераторот по случаен избор за временските услови се потруди истиот играч да добие дожд на своето второ загревање на патеката Silverstone.

Со неговата претходна победа, овозможувајќи да стартува од поубава позиција, тој изведе одличен старт и успеа да ја извози патеката со преку цела секунда за еден круг пред другите.

Сите четири групи дадоа двојни победници. Во групата два, Dutchman Allert Vanderwal го превзеде водството со само една секунда на патеката Interlagos и истото го задржа до неговата победа, но имаше многу потежок тест за време на неговата втора трка.

Одличен старт имаше и Sven Zurner кој се поведе меѓу првите, но Vanderwal беше веднаш зад него, па така кога Zurner влезе во питот за потребната промена на гуми, тој ја намали разликата и исплива прв кога го направи неговиот стоп еден круг подоцна.

За време тензичниот крај, имаше фантастична битка на петмина кои се бореа за третото место.

Почнувајќи го својот последен круг, Италијанецот Tiziano Briono го одмина својот сограѓанин Gianfranco Giglioli, кој пак го имаше Harrison Jacks веднаш зад него на ретровизорите.

Сепак на крај Giglioli беше тој кој изби на површината изведувајќи смел потег. Сите возачи се тркаа мачно, но фер и возењето кое го демонстрираа покажа висок степен на знаење што е потребно за натпревар од овој калибар.

Групата три беше доминирана од уште еден Британец, Sonuc Saltunc, кој ги победи двете свои загревања со без речиси никаква мака.

Најдобрата трка на денот беше последното загревање на групата четири. Одличен старт имаше Frederik Rasmussen кој се поведе на првото место, но Patrik Holzmann остана на возачка дистанца и евентуално направи обид за да се донесе до врвот.

За време на последните етапи Holzmann успеа да дојде до опашката на лидерот, правејќи одлучен потег поред Stowe на неговиот последен круг за да си ја зацементира својата втора победа на денот и да си резервира место за во Абу Даби.

По овие квалификации следува пауза од шест недели, а потоа следат финалињата кои се најавени за 24-35 ноември.

Првите тројца ќе добијат ВИП билети за финалето на F1 2017, додека победникот ќе може да избере на која трка ќе сака да присуствува во 2018 година и ќе стане NPC (non-playable character) во новата F1 2018 игра.

F1 еСпорт Финалисти:

Brendon Leigh
Allert Vanderwal
Sonuc Saltunc
Patrik Holzmann
Sven Zurner
Nicolo Fioroni
Cedric Thome
Cem Bolukbasi
Frederik Rasmussen
Igor Fraga
Joni Tormala
Tiziano Brioni
Patryk Krutyj
Gianfranco Giglioli
Alberto Foltran
Mads Soerensen
Harrison Jacks
Fabrizio Donoso Delgado
Salih Saltunc
Maximilian Benecke

Ова е уште еден доказ дека еСпортот се шири полека но сигурно и дека зема свој замав и простор во нашиот дигитален свет. Останува да се приклучат и останатите традиционални спортови кон ова семејство и конечно кругот да се затвори.

Следете не на нашата ФБ страна за повеќе информации од областа на еСпортот, а до тогаш, GLHF.

Print
539

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top