Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Почнаа квалификации за FIFA eWorld Cup, дигиталните фудбалери ќе се борат за фудбалската круна

Почнаа квалификации за FIFA eWorld Cup, дигиталните фудбалери ќе се борат за фудбалската круна
Saso
/ Categories: MeSF News

Почнаа квалификации за FIFA eWorld Cup, дигиталните фудбалери ќе се борат за фудбалската круна

FIFA Interactive World Cup за кратко време има постигнато доста од самиот почетокот на неговото постоење уште од 2014 година и ги има поставено стандардите за натпреварувачкиот фудбал игран на EA SPORTS FIFA, со што им дава на виртуелните фудбалери шанса да се докажат себе си на највисокото можно ниво на натпреварување.

Како што еСпортот продолжува да еволуира, FIFA и партнерите од EA SPORTS се посветени да го донесат најголемиот глобален турнир на ЕА SPORTS FIFA сериите на следното ниво. Време е да се каже пријатно на стариот FIWC така што се проширува во нов формат на натрпеварувачки фудбал што е кроен со масивен потенцијал и капацитет да ја задоволи големата побарувачка на еСпортот. Време е за Road to the FIFA eWorld Cup.

Патот до FIFA eWorld Cup е дел новата FIFA 18 Global Series, што е официјален квалификациски турнир за главниот настан, The FIFA eWorld Cup 18 Grand Final, каде соновите на милиони FIFA играчи ќе станат реаност, но на само еден шампион. Глобалните серии веќе се почнати од 3. ноември.

The FIFA Global Series е квалификациска тура од една година што е припрема за FIFA eWorld Cup 18 Grand Final. Натпреварувачите ќе се квалификуваат на FIFA Ultimаte Team (FUT) Champions Weekend League онлајн и на квалификациски настани во живо за преку целата година.

За време на FIFA 18 Global Series, ЕА и FIFA ќе изнајдат 128 високо рангирани натпреварувачи (64 натпреварувачи што ќе го претставуваат PlayStation 4 и 64 натпреварувачи што ќе го претставуваат Xbox One) кои ќе се доборат до плејофот на EA SPORTS FIFA 18 Global Series. Плејофот пак, води до последната станица на линијата Global Series Tour, односно FIFA eWorld Cup Grand Final 18, каде еден шампион ќе биде крунисан, животи сменети од корен и сонови ненадејно остварени.

Global Series (квалификациски категории)

  • FIFA Ultimate Team Champions Cup: Овие турнири со масовна отвореност ќе започнат со популарниот FUT Champions мод, модот на EA Game што ја прави FIFA фул тајм пасија. Најдобрите натпреварувачи ќе се квалификуваат за двата главни турнири во живо оддржани во јануари и април 2018 година.

  • FIFA eClub World Cup: Дебитирани во 2017 година, клуб турнирите се назад и овој пат, доста поголеми. Ако имате FIFA тим, ќе сакате да сте дел од ова!

  • Official League Qualifying Competitions: Етаблираните професионални лиги со визија на иднината ќе бидат првите кои ќе се домаќини на FIFA турнирите и победниците ќе се слеат со квалификациите за FIFA eWorld Cup.

  • Licensed Qualifying Competition: Организации кои се со пасија према EA SPORTS FIFA можат да се активираат on-site qualifiers ширум целиот свет, од Абу Даби до Загреб.

FIFA eWorld Cup (август 2018)

Јаготката на шлагот, главниот настан. Местото каде ѕвездите се родени и кариерите лансирани, FIFA eWorld Cup Grand Final ќе обезбеди славење на EA SPORTS FIFA на највисокото ниво. Триесет и двајца од светските најдобри играчи, сите од кои ќе ги имаат преживеано глобалните серии, ќе се натпреваруваат за круната на неоспорениот крал на FIFA за време на големото финале.

Што мислите за овој проект на FIFA, ќе го види ли светлината на белиот ден или пак можеби гејмерите се повеќе за некоја поаркадна игра која ја нуди гејминг светот? Вашиоте коментари и мислења ги чекаме на нашата фб фан страна, а до тогаш, GLHF.

Print
322

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top