Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Овие славни личности и спортски ѕвезди се навистина гејмери, некои имаат свои еСпорт тимови

Овие славни личности и спортски ѕвезди се навистина гејмери, некои имаат свои еСпорт тимови
Saso
/ Categories: MeSF News

Овие славни личности и спортски ѕвезди се навистина гејмери, некои имаат свои еСпорт тимови

Сите знаеме дека еСпортот за кратко време стана една од светските брзорастечки индустрии, со предвиден раст на нето вредност од една милијарда долари до 2019 година.

Натпреварите во еСпортот се често посетени со такви бројки што ги надминуваат дури и оние на Светското фубдалско првенство, па затоа може да се каже дека компаниите, инвеститорите, а сега веќе и славните личности сакаат дел од тој колач.

Компании како ESPN, Budweiser, TBS, Facebook, Dolby, YouTube, Twitch и многу, многу други веќе на големо инвестираат во емитување на настани во живо од еСпорт сферата ширум нивната мрежа. Зделките варираат, но само за илустрација за парите кои се во игра, шведската дигитална компанија „Modern Times Group“ или MTG во 2015 година купи значителен дел од акции на „Turtle Entertainment“, компанијата која се наоѓа зад „Electronic Sports League“ за вкупна цена од 87 милиони долари.

По се изгледа дека спортските ѕвезди од реалниот живот први го „намирисаа“ потенцијалот на пазарот на еСпортот. Поттикнати од својот спортски дух, познавање на индустријата и можеби од нивната љубов према видео игрите, овие славни личност се сел од тимовите во еСпортот, на еден начин или друг.

Шекил О’Нил

Кошаркарската мега ѕвезда, Шекил О’Нил е косопственик на еСпорт организацијата NRG што се натпреварува во неколку различни жанрови, вклучувајќи ги имињата како League of Legends и Counter-Strike: Global Offensive. NRG исто така регрутираше играчи за Overwatch. Очигледно Шекил толку многу ја сака OW тој лично ја поставил за приоритет на NRG да формира квалитетен тим.

Алекс Родригез

Поранешниот Њујорк Јенки Алекс „A-Rod“ Родригез има исто така вложено пари во NRG покрај неговиот другар Шекил. Кога своето слободно време не го минува со Џенифер Лопез, Алекс многу сака да се посвети на еСпортот.

Џими Ролинс

Џими „J-Roll“ Ролинс е уште еден професионален спортист што сака да гејма во слободното време. J-Roll исто така поседува дел од NRG заедно со Шекил и Алекс, правејќи го NRG некој вид на all-sport еСпортски конгломерат.

Стив Аоки

Електро-хаус суперѕвездата, диџејот Стив Аоки, е меѓу првите што потишал договор од областа на еСпортот. Аоки е долгогодишен гејмер со невообичаено слаба точка за Overwatch. Минатата година неговата љубов према гејмингот го донесе диџејот право во Лас Вегас за да направи зделка на локалната еСпорт сцена, односно тимот „Rogue“, што исто така има тим и за Counter-Strike: Global Offensive.

Меџик Џонсон

Поранешниот лејкерс, суперѕвездата Ирвин „Magic“ Џонсон џуниор е моментално последна кошаркарска легенда која се придружува на еСпортот. Magic, заедно со неговиот life coach и филантроп, Тони Робинс, ја поседуваат компанијата наречена „aXiomatic“.

Со доминантен дел вложено во акциите на Team Liquid, кои се патем големи ѕверки во светот на Starcraft II и League of Legends, aXiomatic сака да стане доминантна сила во еСпортот на глобално ниво.

Ештон Качер

Холивудската ѕверка Ештон Качер е можеби еден од првите првокласни актери кои инвестирале во еСпортот, имајќи удел кај Unikrn, платформа која им овозможува на своите гледачи да можат да се обложуваат на игрите во realtime. Од League of Legends, па до Counter-Strike: Global Offensive, Unikrn го има заокружено обложувачкиот пазар на еСпортот релативно лесно.

Рик Фокс

Рик Фокс е првото поголемо име кое ни доаѓа од Канада и се приклучува на големото семејство на еСпортот. Тој е пензиониран кошаркар кој постанал актер и е огромен фан на гејмингот со години, а исто така е суперфан на еСпортот уште од неговиот зародиш.

Моментално, овој човек ја поседува една од најбрзорастечките еСпорт компании кои постојат, Echo Fox, тим кој има доста талент и искуство почннувајќи од League of Legednds па до Smash Bros. Ако се обложував, дефинитивно овој човек ќе ми беше изборот.

Кои се вашите омилени славни личности кои продреле до еСпортот? Кои сметате дека треба да направат напори и да се најдат на оваа листа? Слободно пишете ни на фан страната на ФБ, а до тогаш glfh :D

Print
573

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top