Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Еспортот е во подем. Русија прави економски инвестиции, Германија ги унифицира гејминг организациите

Еспортот е во подем. Русија прави економски инвестиции, Германија ги унифицира гејминг организациите
Saso
/ Categories: MeSF News

Еспортот е во подем. Русија прави економски инвестиции, Германија ги унифицира гејминг организациите

Аналитичката агенција Newzoo, специјализирана за проучување на пазарот на видео игрите, објави обновени резултати од истражувањето за развојот пазарот на еСпортот.

Компанијата ги приспособи податоците за 2017 година каде според нејзините нови очекувања, големината на пазарот ќе достигне 660 милиони долари што е за 167 милиони долари повеќе од ланската година. Вкупен пораст од 33.9% за време од една година.

Во минатото растот на пазарот се предвидуваше да постигне цифра од 696 милиони долари. Причинте за оваа промена се поместувањата на главните турнири како што се лигата на Overwatch и NBA 2K еЛигата, кои ќе отпочнат наредната година.

Покрај малите промени оваа година, компанијата Newzoo ги зголеми своите очекувања за индустријата предвидувајќи ги промените до 2020 година. Според обновените проекции, гејмингот „тежи“ 1.5 милијарди долари, од кои 1.2 милијарди долари се во вид на инвестиции.

Имајќи ги во предвид овие податоци, Руската Федерација почна срамежливо да навлегува во сферата не еСпортот. Таа веќе се прилагоди на новонастанатите услови така што рускиот „Национален Истражувачки Универзитет“, средно економско училиште, заедно со Федерацијата на компјутерски спортови на Русија почнаа заедничка онлајн едукациска програма „Management of gaming/E-Sports management“.

Оваа програма е првата едукациска програма во Русија, основана на високо реномирана институција која нуди целосна обука за менаџерска способност во околината. Програмата беше развиена и имплементирана од професионалци како експерти од областа на спортот, спортски менаџери и разни специјалисти од засегнатата област.

Програмата е базирана на академско искуство и модерна технологија за предавање во соработка со Руската Федерација на компјутерски спортови.

За разлика од Русија, Германија е чекор понапред во однос на ова прашање. Дваесет еСпорт тима, заедно со оргинизаторот на настани ESL и Германската Асоцијација на Гејминг Индустријата (BIU) објавија дека ја основале Esport-Bundes Deutschland (ESBD). Една од целите на оргиназцијата е и намалувањето на празнината меѓу локалните еспорт асоцијации и Esports.BIU, група на издавачи на видео игри од BIU кои се фокусирани на натпреварувачката сцена.

Од дваесетте тима кои се потписници, шест од нив се аматерски организации додека 14 се професионалци меѓу кои се наоѓаат H2k Gaming, Unicorns of Love, Euronics Gaming и новоформираниот Fraport Skyliner’s espots департмент.

Не само што ние сакаме да обезбедиме еднаква репрезентативност за сите играчи, ние исто сакаме да се создаде и средина меѓу аматерските и професионалните клубови што ќе е добивка за сите страни, изјави претседателот на ESBD, Hans Jagnow, во име на членките потписнички.

ESBD сака да го промовира еСпортот во Германија, клучен регион за пазарот. Покрај тоа, Германија е дом на некои од најголемите настани како што се Gamescom и ESL One Cologne и Hamburg, а EU LCS е снимана и емитувана од Берлин каде сите топ европски LoL тимови на некој начин се стационирани.

ЕСБД ќе си земе за задача да создаде национални тимови кои ќе се пријавуваат на интернационални настани, ќе организира национални лиги, сертифицира судии и тренери и ќе има глас на масата на Германската Олимписка Спортска Конфедерација. Конфедерацијата, која до сега неколку пати ги отфрлила барањата за признавање на еспортот, ги постави основањето на еспортска федерација како предуслов за отпочнување на дискусијата во врска со признавањето на еспортот како спорт. 

Сакате ли да видите гејминг програма на УКИМ или како дел од програмата на средните училишта можеби? Дали Би присуствувале во такво училиште доколку се појави во Македонија и би избрале таква кариера? Вашите одговори ги чекаме на нашата ФБ фан страна, а до тогаш GLFH

Print
424

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top