Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language

Дали е можен Battle Royal мод за Overwatch, зачекорете во старо-новата средина на Skyrim VR за PC

Дали е можен Battle Royal мод за Overwatch, зачекорете во старо-новата средина на Skyrim VR за PC
Saso
/ Categories: MeSF News

Дали е можен Battle Royal мод за Overwatch, зачекорете во старо-новата средина на Skyrim VR за PC

Има некои пречки, но премостливи се.

До 2020 година, светот ќе биде преполн со луѓе кои се ловат меѓусебно и одвреме навреме се кријат во некоја грмушка, се разбира кога battle royal модовите ќе ни навелезат и во секоја пора од гејмингот. Ако ништо друго, веќе ги имаме и во нашите мобилни. Сето ова прави дивелоперите да сакаат дел од тој колач кој моментално е комплетно доминиран од PUBG и Fortnite, па дури и Blizzard. Overwatch веќе експериментираше со неколку различни модови, од PvE масовни пресметки, па се до мали дуели, сепак battle royal модот по се изгледа е значително поголем предизвик.

„Многу често слушнаме некој од фановите како бара од нас токму ваков мод“, вели Jeff Kaplan за медиумите. „Идејата е преинтересна, но има многу работа околу дизајнот и адаптирањето за да ја доведеме самата игра до тој степен, а да не се чувствува како обична „и ние исто“ копија на популарниот мод“, додава тој.

Главните проблеми, вели Kaplan и неговиот тим, се самите херои и големината на мапите. Карактерите во Overwatch се дизајнирани пред се да работат како тим, со неколку од нив специјално дизајнирање за само поддршка на останатите. Тоа значи дека некои карактери нема да можат да бидат приспособени соодветно во традиционалниот мод на „last man standing“, додека други тука би имале огромна предност.

Мапите се проблем бидејќи за разлика од мапите на Fortnite и PUBG, тие се мали и не се отворени. „Нашата примарна зона на интеракција меѓу карактерите е некаде меѓу 15 и 40 метри“, објаснува Kaplan. Точката B на „The Hunamura Dojo“ е само 45 метри во дијаметар. Мислам дека луѓето не сфаќаат колку тоа е навистина малку. Дел од она што ги прави Fortnite и PUBG толку интересни е тоа што нивните зони на интеакции се навистина преголеми.

Сепак, ова е нешто што Kaplan го прави возбуден за да го истражи, но промените значат дека има доста работа за реализација на истото и дека не треба да очекувате да османе модот секој момент. Градењето на сите оние системи и обезбедувањето на толку многу играчи за овој Overwatch battle royal мод значи навлегување во неистражени територии, па друи и да стане самостоен жанр сам по себе.

Играјте ја по 51ви пат.

Можете да играте Skyrim од вашето биро, на тросед, додека сте во во тоалетот, па дури и да не поседувате PSVR сепак можете да уживате во искуството на борба со змееви и качување по планините во виртуелна реалност. Да, Skyrim VR е достапна за вашиот PC.

Исто како Fallout 4 VR, така и ова е целосна верзија на играта, но е приспособена за HTC Vive и Oculus Rift и се разбира дека ги има Downguard, Hearthfire и Dragonborn DLC.

Сега играва е речиси седум години стара и е преиграна од секој кој сака да се декларира како гејмер. Без разлика, новите 50 пати додека ја вртите играта во VR средина ќе ви пружат многу забава и интересен аспект на самиот играч. Пиратска или не, VR Skyrim e VR Skyrim.

Print
2182

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top