en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Германија објави дека ќе издава визи за еспорт атлетите

Германија објави дека ќе издава визи за еспорт атлетите

  • 21 декември 2019
Германија објави дека ќе издава визи за еспорт атлетите

Германија објави дека ќе има посветени визи само за еспорт играчите и професионалците кои ќе бидат достапни наредната пролет во 2020 година.

Како дел од промените на Актот за обучена имиграција, Германската Федерална Влада ќе создаде виза специјално за еспорт професионалците.

Оваа еспорт фокусирана виза ќе овозможи полесна регрутација на играчи и тренери кои не се дел од Европската Унија од разните германски организации. Како резултат на ова, професионалните еспорт играчи од овие земји надвор од ЕУ ќе имаат полесен пат и пристап до перманентна резиденција во оваа земја. Претседателот на Германската Еспорт Федерација (ESBD), Hans Jagnow објави на својот Twitter профил:

„Ние сме првите кои воспоставуваат посветена виза категорија за еспорт“, вели Jagnow, додавајќи дека „ова може да служи и како модел за останатите земји членки на ЕУ“. Jagnow верува дека визата е „огромна предност“ што ќе ја зајакне националната позиција како глобална еспорт збирна точка.

Според него, побарувањата на една ваква виза треба да се упростат за да се овозможи пристап до разни турнири и лиги за еспорт атлетите во целиот свет. Одредени услови сепак треба да бидат исполнети за да се добијат овие еспорт визи како на пример навршени 16 години. Апликантите треба да покажат разни информации за нивната плата како и договор за работа.

ESBD има намера да воспостави и оддржи единствна и олеснета процедура која ќе помага на сите идни апликанти. Овие регулации за виза ќе бидат во ефект заедно со новиот Акт за обучена имиграција кој се очекува да биде финализиран до март, 2020 година.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top