Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
IeSF потпиша уште еден договор за соработка, HyperX со NBA тимот Mavericks ќе ги освојува фановите на спортот
Saso
/ Categories: MeSF News

IeSF потпиша уште еден договор за соработка, HyperX со NBA тимот Mavericks ќе ги освојува фановите на спортот

IeSF и BAU (Bahçeşehir University) потпишаа партерство за проширување на екосистемот на еСпортот, HyperX влегува во арените на NBA.

Целта на овој договор е изградба на пријателство и зачнување на врска која ќе промовира интелекутална размена и раст на академските ресурси во областа на еспортот меѓу студентите, членовите на факултетот како и админстраторите на BAU и IeSF.

Детално, за обезбедување на взаемна корист од ова партнерство, двете странки се подготвени да бидат дел од формалната програма која се стреми за промоција на академска и образовна соработка.

Ваквиот договор е втор по ред што IeSF успеа да го склучи додека првиот е направен во партнерство со UNH во август, 2017 година. Федерацијата ќе продолжи со своите напори со потпишување на уште договори со други академски институции за да  ревитализација и развој на еСпортот.

Кога сме кај договорите, овој пат новоста ни доаѓа од западот. Компанијата за гејминг периферија HyperX склучи договор за партнерство со NBA тимот Dallas Mavericks.

HyperX ќе ги спонзорира сите идни NBA 2K League тимови на Далас, како и остатокот од организацијата. Партнерството брои и активности во American Airlines Arena, вклучувајќи giveaways со дигитални потписи, вели печатот. Ова е прво партнерство на HyperX со NBA 2K тим.

Ние согледавме дека NBA 2К лигата е одличен начин на извор на забаваа и партнерството со HyperX е доста важен сегмент од нашиот план за изградба на натпреварувачки NBA 2K League тим, вели Марк Кубан, сопственикот на Dallas Mavericks во негова изјава. HyperX има изобилие на искуство во гејминг средината и ќе ни е вреден партнер, во и надвор од теренот, за време на еспорт натпреварите и настаните, додава тој.

HyperX ќе го има првиот настап за време на мечот на Mavericks денес (2.12.2017) за време на Star Wars Day меѓу Dallas Mavericks и Los Nageles Clippers. Фановите во арената ќе можат да играат NBA 2K18 и Star Wars Battlefront 2 додека ја тестираат опремата на HyperX.

Убаво е кога ќе се слушне дека се формираат партнерства во едукациската и бизнис сферата, без разлика на името на брендовите. Сметате дека треба ова да биде тренд кај нас со кој ќе се потпомогне на македонската гејминг сцена. Сметате дека УКИМ треба да потпише договор со некои од нашите гејминг тимови или пак некои од тимовите на традиционалните спортови да потпишат договор за соработка со IT секторот. Како и секогаш, така и сега, вашите мислења ни се многу важни, затоа ги очекуваме на нашата ФБ фан страна, а до тогаш GLHF. 

Print
103

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top