Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
AMD со нови подобрувања на перформансите за PUBG, Dota 2 и Overwatch
Saso
/ Categories: MeSF News

AMD со нови подобрувања на перформансите за PUBG, Dota 2 и Overwatch

Станува збор за новите ReSX драјвери кои ги прават популарните еСпорт наслови побрзи и пореактивни.

AMD сака да останте конкурентна фирма на пазарот за гејмерски компјутерски делови, па затоа се фокусира на оптимизирање на перформансите на некои од најпопуларните еСпорт наслови како што се Overwatch, Dota2 и PUGB. Нивната последна верзија на Radeon Software Adrenalin Edition содржи мали твикови благодарение на идеја на вработените, кои беа претставени на јавноста за време на лансирањето на Vega, наречени Project ReSX (Radeon eSports Experience). Интересно за овој апдејт и сет на драјвери е тоа што AMD соработувала дирекно со некои од одговорните на самите игри за да ги оптимизираат истите.

Нивните резултати велат (мерено на машина со 8GB Radeon RX 580, Intel i7 7700K CPU (4.2GHz), 16GB DDR4-3000 Mhz system memory, and Windows 10 x64) дека има подобрување од 11% на фрејмрејтот на PUGB на 1080p (69.6 fps), до 3% подобрување за Overwatch на 1440р (117.9 fps) и 6% подобрување за Dota2 на 4К резолуција (95.9 fps). Останатите твикови се имплементирани за подобрување на 99% фрејм перформансот на самите фрејмови кои се најтешки за рендерирање за самите графички како и времето на input реакција на машината.

Не сме сигурни дали ова е доволно да ги одврати гејмерите од моделите на NVIDIA, но ако веќе имате компјутер со Radeon во него, тогаш можете да ги симнете последните драјвери ТУКА. Во време кога тешко може да се дојде до добри графички карти, благодарејќи на криптовалутите, слободно можеме да кажеме дека секое подобрување, макар и софтверско, е повеќе добредојдено за нас обичните гејмери. Уживајте!

Print
1943

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top