Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Што се се сумираше на гејминг самитот на IeSF во Бусан, Кореа?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што се се сумираше на гејминг самитот на IeSF во Бусан, Кореа?

После секој циклус на гејминг натпревари кои ја одблежуваат годината за еСпортот, барем во нашиот еСвет, ред е да има и самит на кој ќе се сумираат одредени работи, односно ќе се трасира патот на еСпортот за наредната година. Токму таков е и овој самит на IeSF кој се оддржа во Бусан, Кореа каде се достигна консензус за развитокот на еСпортот во иднина.

 

Самитот се одвиваше на два наврати каде во првиот ден акцентот се стави на патот на еСпортот до Олимпијадата, на идните насоки на еСПортот односно на начини и методи на унифицирање на еСпортот во една целина.

Vlad Marinescu, претседателот на Rsportz, имаше прилика да изјави дека е од особена важност да се добие признание од националните спортски институции во една држава, како и да се создаде силно комјунити каде што ќе се комуницира со сите нив преку една единствена платформа. Исто така есенцијално за тој процес е и соработка и проширување на кругот на пријатели со интернет провајдерите.

Збор на самитот на IeSF зема и добро познатиот Heo “Huni” Seung Hoon, кој истакна дека една од најважните работи за еСпортот е фер играта односно ферплејот. Предноста пред традиционалните спортови е тоа што кај нив присутен е судија кој може да донесе некогаш лоша одлука за време на еден натпревар, но бидејќи еСпортот се одвива на ПЦ платформа, тоа им дава на учесниците еднаква шанса за победа.

Ние сега сме на точката каде растот на еСпорот, преку лидерство, продолжува да еволвира играчи и атлети кои навистина ќе сакаат да си ја изградат својата иднина како таква. Сето тоа ќе овозможи да се има силна основа во еСпортот, вели Charmaine Crooks, канадската атлета и пет пати учесник на Олимпијада.

На самитот се збореше и за синергиите на спортот и еСпортот. Истакнато е дека тие се доста важни во овој процес и дека на овој начин се создава вредност која сегашните, но и сите идни атлети ќе можат да ја впримат и со тоа да се дојде до „тежина“ на еСпортот како појава. Пред се, оваа синергија треба да се оформи меѓу акционерите на еСпортот, гејминг компаниите, Владините тела во државите, тимовите како и сите останати учесници во овој глобален феномен.

Jan Pommer за време на своето излагање на самитот напомена дека се има постојана и честа комуникација со сите релевантни акционери, но сепак таа се одвива во вертикална оснва, па затоа на ним и недостасува платформа на која ќе се збори за важните проблеми и иднината на еСпортот.

За вториот ден резервирани беа темите за релациите на еСпортот со јавниот сектор, еСпорт обложувањето и академската средина. Зборувано е и за важноста на создавањето на глобална полиса на еСпортот со која ќе се поедностават работите за сите засегнати. Shuichi Kameyama имаше шанса да подвлече дека еСпортот усто така има голем потенцијал за туризам, па затоа со тоа на ум, тој како таков треба да биде претставуван за да му се овозможи уште поголем потенцијал за развиток и воопшто развој.

На крај, последен збор зеде Andy Miah, професор на универзитетот од Салфорд, Манчестер, каде рече дека еСпортот е една златна средина на вежба и физичка активност со уметност и перофрманс на атлетата и дека ни малку не е за потценување и не заслужува ништо помалку од она што го заслужува спортот.

Print
168

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top