Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Што се „Еспорт Академиите“ и што можности тие можат да понудат на младите луѓе?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што се „Еспорт Академиите“ и што можности тие можат да понудат на младите луѓе?

Многу од младите се кријат од општеството така што играат компјутерски игри и не се помрднуваат од мртва точка во нивниот живот. Можно е тоа поради изгубена самодоверба или премногу проблеми резултирани со стрес. Гејминг академиите им помагаат на младите луѓе да се стекнат со повеќе самодоверба така што им нудат квалификации, создавање на култура на тимска работа и им помагаат со наоѓање на волонтерства и работа во еспорт индустријата.

Кога работат во виртуелна средина, студентите не се толку пасивни во нивниот едукациски процес, може да имаат забава додека поставуваат прашања, се социјализираат и решаваат проблеми. Овој вид на онлајн игри прави од студените носачи на одлуки, и им дозволува да учат преку проба и грешка (trial and error) така што добиваат инстант фидбек за нивните акции.

Феноменот еСпорт неспорно добива огромно внимание од медиумите и сите се нестрпливи да ги претстават своите податочни проекциии и високи потенцијали од изложеноста на еСпортот што може да им донесат на спонзорите. Оставајќи ја бизнис перспективата на страна, останува уште една тема која е поврзана со гејмингот и има потреба од солидно внимание, а тоа е едукацијата.

Дали сте знаеле дека еСпортот има огромен потенцијал да ги научи младите луѓе на важни животни вештини како што се тим билдинг, комуникациски способности, стратешко размислување и рапидно носење на одлуки?!

Повеќе од 20 колеџи во САД нудат школарини на еСпорт играчи, а Универзитетот на Роберт Морис во Чикаго е првиот колеџ во САД што понудил школарина на студенти кои се натпреваруваат во еСпортот, па така слободно може да се сумира дека до денес цифрата на вредноста на понудените школарини изнесува 19.000 долари годишно. Глобалниот еСпорт маркет се очекува да достигне и 1.1 милијарда долари до 2019 година.

Покрај сево ова, работата продложува натаму. Овие Академии сакаат младите луѓе кои го поминале едукацискиот циклус и се наоѓаат на маргините на програмите да можат да си го најдат патот назад. Ова значи дека покрај школувањето, тие гледаат да ги направат студентите способни за работа и ги поврзуваат со разни работодавци од индустријата.

Исто така еден од поважните елементи е споцијалниот аспект. Ако играчите сакаат да бидат дел од средината и да ги завшат најтешките предизвици што игрите им ги нудат, тие треба да делуваат единствено и симетрично. Тие мора да мислат екстремно брзо за да ги снабдат своите соиграчи со круцијални информации за нивната средина. Од нив исто така се бара да бидат дел од тим каде секој си има точно зацртана различна и многу важна улога. За да победат битка, тие треба да ги знаат и разбираат способностите на противничките карактери, како и своите.

Дали сте знаеле дека целите на Академиите е да им помогнат на гејмерите да се справат со стресот, долгите работни часови, монотоните физички рутини и да одржуваат здрав животен баланс.

Играчи кои сакаат да си ги подообрат своите способности за специфични игри исто така имаат опција да се посветат на само еден наслов. Добар пример за тоа се играчите што сакаат да си ја подобрат својата League of Legends кои сега ја имаат шансата да бидат тренирани од професионални играчи кои се први од својот вид преку разни кампови преку целата година.

Меѓу најдобрите колеџи во САД се вбројуваат:

1. Robert Morris University, Chicago

2. Georgia Tech, Atlanta

3. Ohio State University, Columbus

4. University of Maryland, College Park

5. University of Texas, Austin

6. Texas A&M University, College Station

7. University of California, Irvine

8. Florida State, Tallahassee

9. Vanderbilt University, Nashville

10. University of Washington, Seattle

Дали Вие би се впишале на еден ваков колеџ или академија? Дали сметате дека вквиот начин на едукација ќе даде позитивни резултати во Македонија? Вашите коментари се добредојдени на нашата веб страница како и на нашиот ФБ фан пејџ MESF:

https://www.facebook.com/MacedonianESF/

Print
1653

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top