en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Формула Ф1 лансира Виртуелен Гранд При серија со официјални Ф1 возачи

  • 22 март 2020
Формула Ф1 лансира Виртуелен Гранд При серија со официјални Ф1 возачи

Формула 1 ја објави формацијата на Виртуелните Гранд При серии, решение за фановите да уживаат во трките кои ќе се случуваат во екот на корона вирус пандемијата која успеа да ги одложи или откаже отварачките седум трки за 2020 сезоната.

Трките ќе се случуваат на местата каде што би се оддржале, на датата на која би се оддржале, а на нив ќе присуствуваат голем број од актуелните Ф1 возачи како и останати светски ѕвезди. 

F1 2019 видео играта од Codemasters ќе биде домот на овој гранд при, а првата трка веќе се случи овој викенд на Bahrain International Circuit.

Трките ќе бидат 50% во должина и ќе се стримаат на официјалните F1 Youtube, Facebook и Twitch канали.

We are very pleased to be able to bring some light relief in the form of the F1 Esports Virtual GP, in these unpredictable times, as we hope to entertain fans missing the regular sporting action, вели Julian Tan, првиот човек на Digital Business Initiatives and Esports.

With every major sports league in the world unable to compete, it is a great time to highlight the benefits of esports and the incredible skill that’s on show, додава тој.

Одговорните за Ф1 велат дека ако одлагањата се пролонгираат до крајот на месец мај, виртуелните трки ќе се оддржат во целост.

Нема да се доделууваат шампионатски поени како дел од серијата, бидејќи ова се случува поради забавниот карактер што го нуди.

Сите автомобили ќе се возат на еднаков перформанс со вклучена опција за трпење на помалку штета на возилото. Опциите за anti-lock кочници и контрола на тракција ќе бидат исто така овозможени.

We are very pleased to be able to bring some light relief in the form of the F1 Esports Virtual GP, in these unpredictable times, as we hope to entertain fans missing the regular sporting action. With every major sports league in the world unable to compete, it is a great time to highlight the benefits of esports and the incredible skill that’s on show, изјавува Тан.

За време на викендите на кои што нема да се случува трка, ќе бидат оддржани таканаречени онлајн пријателски трки каде што фановите ширум светот ќе ја имаат шансата да се тркаат против вистински Ф1 возачи.

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top