Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Финалињата во CS:GO и LoL завршија, Македонија ги има репрезентациските состави за 2017 година
Saso
/ Categories: MeSF News

Финалињата во CS:GO и LoL завршија, Македонија ги има репрезентациските состави за 2017 година

Минатиот викенд, Македонија дојде до своите две нови репрезентации кои ќе бидат нашиот нов еБедем за 2017 година. Квалификациите во двете дисциплини за финалните натпреварувања се оддржаа за време од три месеци, пред почетокот на летото.

Од 10 тимови на почетокот на кавалификациите за LoL, вкупно пет од нив успеаа да дојдат до интернет клубот „Инсомниа“ во Аеродром и да дадат се од себе за да го заработат својот билет за во Бусан, Кореа на претстојното светско првенство. Evolution Online се токму тие кои го сторија и испливаа како финалисти победуваќи ги Me6.Светското првенство за LoL го организира IeSF (Интернационалната еСпорт Федерација) кое е планирано за ноември ова година.

Нивните колеги кои ќе ги облечат црвените дресови за Македонија од дисциплината CS:GO се момците од Entitty кои по исто толку долг квалификациски период со 12 тимови и финални натпревари со вкупно 8 тимови, дојдоа до шансата да одат во декември за Кина и да бидат дел од World Cyber Arena. 

Ова е втора година по ред МеСФ да организира национална лига во еспорт. Годинава, учестуваа вкупно 20 екипи во 2 дисциплини, кои 3 месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир.

Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година да стане полноправна членка на Меѓународната еСпорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите еспорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот еСпорт Конзорциум, WESCO.

Досега, Македонија учествуваше на 8 светски и 2 европски првенства во еспорт. МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на еспортот по примерот на многу светски држави.

МеСФ им посакува многу среќа на нашите избраници во претстојните натпревари во Кина и Кореа. Само напред момци, дадете се од себе! GLHF.

Print
915

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«октомври 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top