Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Финализирана листата на учесници на 10. Светско Првенство во Еспорт
Saso
/ Categories: MeSF News

Финализирана листата на учесници на 10. Светско Првенство во Еспорт

Повеќе од 420 национални делегати и атлети и 42 нации ќе бидат дел од Првенството кое ќе се оддржи во Каошиунг Арена, Каошиунг.

Со помалку од 36 дена до почетокот на Светското Првенство во Еспорт на ИЕСФ, организаторите го затвораат циклусот на пријавување на учесници и се финализира листата на нации кои ќе земат учество. Пријавени се вкупно 42 нации и 427 делегати и атлети кои ќе гостуваат во градот Каошиунг натпреварувајќи се во три еСпорт наслови односно League of Legends (LOL), Counter Strike: Global Offensive (CS:GO) и Tekken 7.

Овој настан ќе се оддржи од 6. до 13. ноември оваа година. Влечењето на ждрепката ќе се оддржи на 8. ноември каде секој капитен од тимовите ќе земе учество и ќе се формираат групите.

На најголемиот интернационален еСпорт турнир каде што атлетите ја претставуваат својата земја, ИЕСФ со огромна помош од градот Каошиунг и од ЕСАКТ (Еспорт Асоцијација на Кинески Тајпеи) е уверена и спремна да биде домаќин на сите еСпорт спортисти ширум светот на настан како што е овој. 

Првенството се оддржува секоја година, а градот домаќин се бира со гласање на номинирани градови за наредната година.

Официјалните мечеви ќе бидат од 9. до 11. ноември, а повеќе информации можете да најдете на следниов линк како и на официјалната страна на ИЕСФ.

Print
515

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top