Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Стартуваат турнирите во еспорт за квалификации на светско првенство
Saso
/ Categories: MeSF News

Стартуваат турнирите во еспорт за квалификации на светско првенство

Првиот турнир во мегапопуларната League of Legends ќе се одржи утре во Интернет клубот Инсомниа во Скопје. Најдобрите екипи, кои годинава учествуваа во националната еспорт лига, ќе се натпреваруваат за првото место, кое директно води на светското првенство во Бусан, Кореа, кое ќе се одржи во ноември годинава.

Во недела, во гејминг клубот Ентити во Охрид, ќе се одржи вториот турнир во Counter Strike: Global Ofensive. И во оваа дисциплина, најдобрите 8 екипи од првата лига ќе се натпреваруваат за учество на светскиот куп во еспорт, кој ќе се одржи во Кина, во декември оваа година.

Натпреварите ќе може да ги следите во живо на twitch каналите на МеСФ, почнувајќи од 12 часот во сабота и недела.

Ова е втора година по ред МеСФ да организира национална лига во еспорт. Годинава, учестуваа вкупно 20 екипи во 2 дисциплини, кои 3 месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир.

Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година да стане полноправна членка на Меѓународната еСпорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите еспорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот еСпорт Конзорциум, WESCO.

Досега, Македонија учествуваше на 8 светски и 2 европски првенства во еспорт. МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на еспортот по примерот на многу светски држави.

Print
40

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«октомври 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
303112345
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top