Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Првиот ЛАН пријателски меч е одигран, Македонија ја победи Србија 3-1 во мапи
Saso
/ Categories: MeSF News

Првиот ЛАН пријателски меч е одигран, Македонија ја победи Србија 3-1 во мапи

По долгиот и напорен пат за нашите репрезентативци до Белград, Vilay e-Sports Academy, тие успеаа да извојуваат победа против нивните србски колеги во играта CSGO.

Форматот на лан мечот беше бо3 (best of 3) каде Vilay ја изгубија првата мапа, но потоа сигурно и полека направија пресврт оставајќи ја србската репрезентација целосно збунета. Од Vilay ни велат дека играле со сериозен противник и дека навистина се потрудиле да го постигнат овој резултат правејќи ја нивната победа уште послатка.

Пријателките мечеви се играат во пресрет на Светското Првенство во Каошиунг, Тајван кое е предвидено да се оддржи во ноември оваа година. Одбрани се три наслови на кои играчите ќе можат да се пријавуваат и тоа League of Legends, CS:GO и Tekken7.

Македонија ќе земе учество со еден претставнички тим за играта CS:GO кој ќе се обиде да се круниса како планетарен првак за оваа игра годинава.

Им посакуваме многу среќа и мирни води до Првенството каде ќе докажат дека Македонија не е мала земја на еСпорт сцената.

Print
1173

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top