Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Првата светска сенаменска еСпорт арена е изградена во Кина
Saso
/ Categories: MeSF News

Првата светска сенаменска еСпорт арена е изградена во Кина

За само осум месеци градба, во местото Чингкинг во западна Кина минатиот декември се изгради првата еСпорт арена која е наменета строго за овој спорт. Архитектот на градбата, Бери Хо, кој е од Хонг Конг, вели дека еСпортот во моментов е во подем и се создава големо комјунити за онлајн гледање на компетативен гејминг, па затоа светот речиси да има потреба од сопствен еспорт храм.

Бројот на луѓе кои гледаат еСпорт онлајн е поголем од оној на луѓе кои гледаат НБА, Хо вели за South China Morning Post. Сите мислат дека еСпортот е за двајца кои играат игра онлајн. Тоа воопшто не е така, повеќе личи карневал. Затоа мојот дизајн на градбата ја отсликува енергијата на овие настани, додава Хо.

Њузу, компанија за анализа на пазарот, вели дека до наредната година повеќе од 420 милиони луѓе ќе гледаат натпреварувачки видео гејминг регуларно, а имајќи во предвид дека Intel Extreme Masters во Катовице во Полска, беше следено од 46 милиони луѓе, ова и не е толку тешко да се замисли.

Стадионот Џонгжан е сместен долж коритото на реката Јангце. Има капацитет од 7000 луѓе и има завесни стаклени ѕидови кои се опремени со LED монитори кои овозможуваат цели површини од зградата да се пренаменат како видео дисплеи за гледачите надвор од арената. Хо вели дека дизајнот е базиран на инверзен јинг-јанг симбол, со крила кои се протегаат од двете страни на градбата.

Крилата овозможуваат дополлнителен капацитет од 13000 луѓе, како дополнување на самата арена. Мониторите пак овозможуваат гледачите кои не се меѓу првите редови да бидат дел од акцијата преку нив.

Моментално во тек е втората фаза од стадионот, каде се планирани хотел и центар за инкубација, место каде новите таленти на еСпортот ќе можат да се развиваат.

На другата страна на светот, Дубаи се обидува да остави своја трага во еспортот така што Владата на оваа земја го објави StadiumX, првата еСпорт арена на Средниот Исток и Северна Африка со аспирации да стане главниот град на гејмингот во наредните 10 години. Покрај еСпортот, од оваа инвестиција придобивки ќе имаат и многу локални бизниси сместени во овој град. Повеќе информации на следниов линк.

Се очекува остатокот на светот да го фати овој тренд како што на пример се неендемичните брендови како MLB и автокомпаниите како Мерцедес, Тојота и Рено да продолжат да инвестираат средства во еСпорт сцената како што ќе расте интересот и инвестициите за овој феномен.

Print
2616

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top