en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Полска: Владата отвара Minecraft сервери за младите да можат да играат од дома

  • 23 март 2020
Полска: Владата отвара Minecraft сервери за младите да можат да играат од дома

Полска има не толку тајно оружје со цел да ги убеди младите граѓани да седат во нивните домови за време на корона вирус пандемијата. Одговорот е секако гејминг!

Полската Влада лансираше веб страна, Grarantanna.pl, исполнета со разни онлајн активности со цел да ги спречи помладите да излегуваат од нивните домови.

Овдека не станува збор за најосновен пристап како базична страна со информации со разни линкови од секаде. Министерството за Дигитализација на Полска се потруди да спроведе секакви натпреварувања, сервери и други интерактивни игри за да може младината да ги следи наредбите за карантин, според владината страна на Полска преведена од Mashable на англиски јазик.

 


 

Една од тие поттикнати активности е и Minecraft. Полјаците оспособија свој сопствен сервер за оваа игра за да го натера комјунитито да игра. Серверите ќе имаат и натпревари за тоа кој може да изгради најдобра реплика од познатата архитектуа. Секој Minecraft играч ќе добие свој дигитален простор и градежни материјали. Натпреварите почнуваат в недела.

Кампањата има и пакет на други настани кои се планирани. Ќе има разни вебинари за развој на гејмингот, разни сложувалки, квизови од областа на полската историја и останато.

Со школите затворени до 25. март, полската Влада навистина се потрудила да ги задржи децата дома и зафатени за време на оваа пандемија. Според СЗО, оваа земја има повеќе од 425 потврдени случаи со корона вирусот.

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top