en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Петта сезона на Македонската Еспорт Лига (Dota2) на МЕСФ

  • 7 март 2020
Петта сезона на Македонската Еспорт Лига (Dota2) на МЕСФ

Почетокот на нашите сезони на Првата македонска еспорт лига секогаш е во првиот квартал на годината, а 2020 година не е исклучок. МЕСФ ја организира својата петта сезона на својата лига во Dota2 која воедно ќе биде и национални квалификации на нашата репрезентација што ќе не претставува на СЕП во Ејлат, Израел.

Лигата е предвидена да биде во својот стандарден формат со онлајн квалификации проследени со главната лига и плеј оф мечеви каде ќе се круниса победникот. Квалификациите ќе се оддржат на 28 и 29 март, односно последниот викенд од овој месец за веднаш наредниот да може да отпочне самата лига. На квалификациите ќе можат да учествуваат сите заинтересирани тимови, ќе биде единечна елиминација и првите три тима ќе се сметаат за победници што ќе ги продолжат своите игри во наредната фаза. Во лигата ќе земат учество пет тима кои се дел од основачите на Македонската Еспорт Федерација или тимови кои имаат обезбедено слот во лигата од претходните натпревараувања и трите квалификувани тима. Тимовите кои ќе играат директно во лигата се: Team Mystique, Entity, Level, Cyber Struga, Esports Bully

Главната лига ќе се игра Round Robin x2 односно секој тим ќе се сретне со секој тим по два пати на начин што ќе им овозможи на тимовите да имаат балансирана игра и прецизно да ги одмерат силите едни од други. Оваа фаза е предвидена за почне во првиот викенд на април и да трае вкупни девет викенди, со исклучок за празничните викенди или оној за великден и мајските празници. Викендите за игра се 4, 5, 11, 12, 25, 26 април, 9, 10, 16, 17, 23, 24, 30 и 31 мај.

Финалната фаза што ќе следи е плеј оф фазата каде што е предвидено да се игра лан или офлајн на настан што достојно ќе ја заврши сезоната и ќе избереме тим што ќе ја претставува Македонија на идните интернационални натпреварувања за 2020 година. 

Победниците од лигата ќе делат награден фонд од 1000 евра на начин 500, 300, 200 за соодветно освоените места, со тоа што доколку првопласираниот тим или шампионот биде испратен како наш репрезентативен тим во Ејлат, Израел на СЕП 2020, нема да добие парична награда. 

Лигата ќе биде проследена со стрим на нашиот канал на Twitch: twitch.tv/mesfodota2

Во наредниот период ќе објавиме дополнителни информации за оваа лига како и за PES натпреварувањето со национален квалификациски карактер што треба да се оддржи во наредниот период. 

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top