en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Од добри играчи до шампиони: психологијата на гејмингот

  • 23 јануари 2020
Од добри играчи до шампиони: психологијата на гејмингот

Надигрувањето во највисоките нивоа на спортот не е само работа на телото, туку и на самиот ум. Со години, психолозите работат со атлетите за да им помогнат да ја имаат предноста над противниците. Во еспортот, психолошкиот тренинг полека, но сигурно зема замав. Во овој текст ќе прочитате колку може да влијае психолошкиот тренинг во највисоките ешалони на гејмингот.

Замислете дека сте во арена и играте една од најгледатние игри опкружени со илијадници гледачи на сајтот. Сега замислете го притисокот на вашите рамења, но со дополнителни 15 милиони американски долари на линија. Ова не е хипотетичко сценарио, ова се има случено.

Во август 2019 година, Dota2 тимот на OG се натпреваруваше во финалето на The International за втор пат по ред. Тоа беше најголемиот еспорт натпревар во светот, со смешно висок награден фонд од вкупни 34 милиони американски долари. Губејќи 0-1 против нинвниот противник, Team Liquid, капетанот Johan “N0tail” Sundstein и неговите соиграчи успеаа да направат камбек, завршувајќи ги BO5 so 3-1 и сето тоа го направија да изгледа прелесно.

Ниту еден друг тим не има победено на The Internationals два пати по ред, а не пак со камбек. Одлучната предност што тимот на OG ја имаше можеби беше Mia Stellberg; психолог од Финска која има добра репутација меѓу експерите во индустријата. Таа често е посочена како причина за менталната состојба на OG во ситуации кои ставаат огромен притисок на атлетите и дека таа има најголем удел во градењето на најуспешниот Dota2 тим на сите времиња. Кога Stellberg велзе во светот на еспортот во 2016 година таа помогна да се оформи најдоминантниот тим во историјата на CSGO - Astralis. 

Во нејзината професија како еспортски психијатар таа работи на повеќе фронта. Од тимско вежбање до индивидуални сесии, ги „покрива“ секојдневните обврски и распоред на тимот со што се поврзани со нивното ментално здравје и многу други работи поврзани со успехот на тимот. Таа исто така му помага на тренерот како и се консултира со него за да може успешно да го „извади“ најдоброто од секој играч.

Во интервју со Red Bull таа изјави:

To be the fastest possible version of yourself, you need to be calm and collected because if you are nervous or stressed, that does affect your hand-eye coordination and your reaction time.” She adds: “Also your self-esteem as a person has a huge impact on how you’re performing because if your self-esteem isn’t on the right level, you get much more easily stressed.”

Поради оваа причина, таа се обидува да создаде средина во која играчите ќе можат да се опуштат, да имаат забава и да имаат здрав социјален живот покрај нивната професија:

I feel that no matter what your profession is you are entitled to have a life and you’re entitled to have a social life and perhaps someone you’re dating.

Успехот на Astralis и OG зборува многу за психологијата во еспортот. Повеќето од top-tier организации одлично внимаваат на своите играчи, но не сите најмуваат психолози. Во некои тимови, како G2 Esports, оваа улога ја превзема тренерот на секој тим засебно.

Тренерот на CSGO тимот G2, Damien "maLeK" Marcel, вели во интевју:

Counter-Strike is a game where confidence has a huge impact on the performances, being a step ahead and being proactive is very important to make a real difference on the field.

Неговата филозофија е доста слична со онаа на Stellberg. Двајцата го делат мислењето дека контролата врз емоциите е клучот за одличниот перформанс во високте нивоа на еспортот од проста причина што тогаш носењето на одлуки станува доста порационално.

Анскиозноста може да влијае врз перформанскот in-game мошне негативно. Често е изјавено од SC2 играчи дека на пример притисокот што некои од нив си го наметнуваат може да ги спречи да го дадат најдоброто од себе во клучни моменти. Големите очекувања што еден човек може да ги има кон себе може да се поголеми од оние во тимските игри каде тежината на перформансот може да се подели меѓу соиграчите. Од друга страна пак, во тимскиот спорт има некои други проблеми. Ако само еден играч има ментален колапс, неговиот негативен мајндсет може да има последици и врз останатите од тимот и нивниот перформанс. Тимовите како OG и Astralis речиси никогаш и да не потфрлуваат (пр: да одиграат полошо поради неповолна ментална состојба). Наместо, нивниот ментален бедем е тоа што ги двои од останатите тимови и ја прави целата разлика меѓу само добар и најдобриот тим.

 

 

 

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top