Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Македонија спремна за нови победи во дигиталните арени, почна 9. Светско Првенство во еСпорт на IeSF
Saso
/ Categories: MeSF News

Македонија спремна за нови победи во дигиталните арени, почна 9. Светско Првенство во еСпорт на IeSF

Интернационалната еСпорт Федерација (IeSF) официјално го отвори 9. по ред Светско Првенство во еСпорт. Вкупниот број на држави учеснички изнесува 36, 328 присутни Национални Делегации за да се натпреваруваат на три официјални настани односно League of Legends, Counter-Strike: Global Offensive и Tekken 7.

Деветото по ред еСпорт Светско Првенство Бусан 2017 се оддржува од 8. до 12. ноември во Кореа. Сите атлети и делгации ќе бидат присутни на турнирското тло на 8. за влечење на ждрепката и за формирање на групите, додека натпреварите официјално почнуваат од 9., односно наредниот ден. Моменталниот број на делагаци по континенти изнесува 147 од Европа, 134 од Азија, 24 од Африка, 8 од Америка и 15 учесници од Океанија. Повеќе детали можете да најдете на официјалната веб страна на IeSF (www.iesf.org).

Македонија има свои претставници во две од можните три дисциплини односно League of Legeds и CS:GO, каде нашите тимови ќе ги бранат црвената и жолтата боја до последниот клик на маусот. Двата тима кои се избрани за наши репрезентации поминаа низ долг квалификациски период поделен на две фази, online и lan фаза, за да конечно на крај се изборат за билетите до Кореа. Наши претставници за LoL се тимот EON, додека за CS:GO сферата избраници ни беа Entity, но поради недоволно средства, не успеавме да ја испратиме нашата делегација. Според ждрепките, EON е во групата Д каде што ќе крши копја со Филипини, Кина, Малезија и Грузија.

Светското Првенство во еСпорт е единствено интернационално натпреварување од било кој вид базирано на националности. Градот домаќин се бира секоја година преку официјалниот „Процес за бирање на град домаќин со наддавање“ каде документите за наддавање се дистрибуирани и отворени до сите градови кои се спремни да бидат домаќини за овој настан. IeSF е дел од строгите анти допинг тестови за сите настани и исто така промовира и пропагира чисти спортови.

Претходното Светско Превснство во еСпорт се оддржа во Џакарта, Индонезија каде имаше изобилие на динамични приказни, а нивото на натпреварување и ривалства беше на најможно високо ниво. Секој настан беше освоен од различна нација, Австрија победи во Hearthstone, Финците си заминаа со победа во CS:GO и се разбира, кој ако не Јужна Кореа  замина закитена со победа во League of Legends. Со вмешаност на повеќе нации оваа година, Светското Првенство во Бусан се очекува да биде најдоброто до сега што гејминг светот некогаш имал шанса да го сведочи.

Ние, екипата на МеСФ им посакуваме многу среќа на нашите атлети и се надеваме дека ќе успеат да остават свој отисок на овој настан. Следете ни ја фан страната на Facebook за повеќе информации поврзани со гејмингот, а до тогаш GGWP.

Print
211

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top